Жените во Азербејџан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Жените во Азербејџан номинално уживаат истите права како и мажите; сепак, општествената дискриминација останува проблем.

Право на глас[уреди | уреди извор]

Универзално право на глас во Азербејџан било воведено во 1918 година од страна на Азербејџанската Демократска Република, со што Азербејџан станала првата муслиманска земја во која жените го стекнале ова право.[1]

Политичка застапеност[уреди | уреди извор]

Нема законски ограничувања за учество на жените во политиката.

Од 2007 година, неколку жени биле назначени на високи владини позиции, вклучувајќи и заменик-претседател на парламентот, неколку заменици-министри, и заменик-претседавачот на Централната изборна комисија.[2]

Во 2015 година, во парламентот (составен од 125 членови) имало 21 жена. Процентот на жени членови на парламентот помеѓу 2005 и 2015 година се зголемил од 11 % се зголемил на 17 %. [3]

Мехрибан Алијева, првата жена заменик-претседател на Азербејџан

Од 2009 година, жени биле носители на позиции како заменик-претседател на Уставниот суд, заменик-претседател на кабинетот на министри, четири заменици-министри, амбасадор и народни правобранители на Азербејџан.

Во Централната изборна комисија од 16 члена, 4 се жени и истите претседаваат со 3125 регионални изборни комисии. Немало женски министри или шефови на извршните влади на градови или региони, освен Хиџран Хусејнова која претседавала со Државната комисија за семејство, жени и деца и Малејка Абасзаде која претседавала со Државата комисија за прием на студенти.[4][5]

Државната комисија за семејство, жени и деца на Република Азербејџан е примарна владина агенција со активности во правец на заштитата на правата на жените во земјата.

Во 2015 година, Натаван Гадимова била назначена за министер за култура.[6].

Во 2016 година, 11% од професионалните судии во земјата биле жени, што претставува најмал процент во Европа.[7]

Во 2017 година, Мехрибан Алијева била назначена за Заменик претседател на Азербејџан, на највисоката позиција на која стапила жена во Азербејџан, по укинувањето во 1994 година на канцеларијата на Државниот секретар, функција која до неодамна била извршувана од страна на Лала Шовкат.

За време на активната фаза на Војната за Нагорно-Карабах, од вкупниот воен персонал (74,000) 2,000 биле жени а 600 од нив директно учествувале во воените операции.[8]

Воена служба за жените е на доброволна основа. Во моментов постојат околу 1,000 жени кои служат во азербејџанската војска.[9]

Религија[уреди | уреди извор]

Иако секуларна држава, Азербејџан бара сертификација и регистрација на луѓето за вршење на верските обреди. Муслиманските жени во Азербејџан можат да студираат и да станат сертифицирани мули и да ги водат женските собири, традиција што датира со векови.[10]

Во 2016 година, имало еден локален женски лутерански пастор во Азербејџан.[11]

Учество во пазарот на трудот[уреди | уреди извор]

Иако поголемиот дел од азербејџанските жени имаат работа надвор од домот, жените не се доволно застапени на повисоки работни позиции, вклучувајќи ја вклученоста во врвот на бизнис позициите.

Домашно насилство[уреди | уреди извор]

На 22 јуни 2010 година, азербејџанското собрание го изгласал Законот за спречување на семејното насилство.[12]

Во 2000 година, Азербејџан го потпишал Факултативниот протокол на CEDAW, признавајќи надлежност на Комитетот за елиминација на дискриминација против жените, по што може да прима и да ги разгледува жалбите од поединци или групи во рамките на неговата јурисдикција.[13]

Силувањето е противзаконско во Азербејџан и носи максимум 15-годишна затворска казна. Новиот Закон за семејно насилство стапил на сила во 2010 година, со што се забранува семејната злоупотреба, вклучувајќи го и брачното силување.[14][15] Сепак, многумина во Азербејџан не го сметаат ова за криминал и доминантната култура не поттикнува жалби за брачно силување.[16]

Во 2011 женските членови на парламентот и шефот на Државниот комитет за семејство,жени и деца, ги засилиле своите активности против семејното насилство. Медиумска покриеност за прашањето на семејното насилство исто така почнала да ја подигнува свеста за овој проблем. Еден закон од 2010 воспоставува рамка за испитување на жалбите за семејно насилство, го дефинира процесот за издавање наредби за ограничување и повикува за воспоставување на прифатни центри за помош и рехабилитација на жртвите.

Сепак, 40% од  анкетираните Азербејџанци во 2012 година сè уште веруваат дека жените треба да толерираат семејно насилство во интерес на семејството, а 22% се согласиле дека постојат моменти кога жената заслужува да биде тепана.[17].

Проституцијата во Азербејџан[уреди | уреди извор]

Проституцијата е административен прекршок а не кривично дело и се казнува со парична казна до 102 долара (88 AZN). Проститутките и сопствениците на бордели можат да бидат осудени на казна затвор до шест години.

Хронологија на еманципацијата на жените[уреди | уреди извор]

Година Настан Место
1889 Нигар Шихлинскаја станала првата Азербејџанка која стекнала високо образование.[18] Тбилиси
1901 Училиштето Царица Александра, прва секуларна азербејџанска женска школа била отворена во рамки на Руското царство.[19] Баку
1908 На медицинскиот колеџ во Санкт Петербург, Сона Валихан, станала првата жена која стекнала диплома за лекар од Азербејџан.[20] Санкт Петербург
1908 Филантропот Хамида Јаваншир го основала првото азерско училиште.[21] Кахризли
1910 Актерката Говхар Газиева станала првата Азербејџанка што се појавила на сцената.[22] Тбилиси
1911 Кадија Алибејова го објавила Ишиг, првото женско списание на азербејџански јазик.[23] Тбилиси
1912 Прва изведба на првата азербејџанска оперска пејачка Шовкат Мамедова.[24] Баку
1919 Азербеџанките добиле право на глас.[25]
1919 Пари Софиева станала членка на грузискиот парламент и првата демократски избрана етничка Азербејџанка.[26] Карајази
1929 Изат Орујова станала првата Азербејџанка која глумела во игран филм.[27]
1930 Гинекологот Адила Шахтахтинскаја станала прва Азербејџанка со титула доктор.[28]
1931 Лејла Мамедбејкова го извела својот прв лет и станала првата азербејџанска авијатичарка.[29] Баку
1932 Првата азербејџанска балерина, Гамар Алмазаде, дебитирала во Шах-Сенем.[30] Баку
1938 Народниот правобранител, Ајна Султанова станала прва азербејџанска министерка на кабинет.[31]
1949 Биологот Валида Тутауг стана првата жена членка на Азербејџанската национална академија на науките (основана во 1945 година).[32]
1964 Сакина Алиева била избрана за претседател на Врховниот совет на Нахчован, со што станала првата азербејџанска жена шеф на парламентот.[33] Нахчован
2007 Манзар Исмаилова станала првиот азерски женски свештеник.[34]
2009 Натаван Мирватова била промовирана во генерал-мајор, трет највисок воен чин во Азербејџан, и највисок до кој стигнала жена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tadeusz Swietochowski. Russian Azerbaijan, 1905-1920: The Shaping of a National Identity in a Muslim Community. Cambridge University Press, 2004. , 9780521522458, p.144
  2. Country Reports on Human Rights Practices: Azerbaijan (2011). United States Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor (2011). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  3. 2015 Parliamentary Election Results.
  4. Women in Azerbaijan Reluctantly Considered for Executive Positions by K.Zarbaliyeva. 16 May 2009.
  5. Women in Azerbaijan Ranked 90th Worldwide by R.Orujov. 7 April 2012.
  6. New Female Minister in Nakhchivan. Haqqin.az. 2 September 2015.
  7. Proportion of female judges in UK among lowest in Europe. The Guardian. 6 October 2016.
  8. First Azerbaijani Woman to Become Major General. Lent.az. 29 March 2009. Retrieved 4 October 2011.
  9. Around 1,000 Women in Azerbaijani Army. Trend.az. 12 August 2014.
  10. Şeyx Azərbaycanda qadın mollalardan danışdı. Oxu.az. 25 November 2014. Retrieved 13 June 2017.
  11. Anar Alizadeh. Azərbaycanda xristianlıq. Elm və təhsil, 2016; p. 241
  12. „Law of the Azerbaijan Republic "About prevention of domestic violence". конс. 2017-11-03. 
  13. „Policy Attitudes towards Women in Azerbaijan: Is Equality Part of the Agenda? | Gunda-Werner-Institute“. www.gwi-boell.de. конс. 2016-04-12. 
  14. http://sgdatabase.unwomen.org/uploads/Law%20on%20Prevention%20of%20Domsetic%20Violence%202010.pdf
  15. „Home“ (PDF). конс. 14 April 2018. 
  16. „Gender based violence in Azerbaijan“. конс. 2016-04-12. 
  17. Crrc (2015-03-02). „Deserving to be beaten and tolerating violence: Attitudes towards violence against women in Azerbaijan“. конс. 2016-04-12. 
  18. Azerbaijan Soviet Encyclopedia (1987), vol. 10, p. 551.
  19. The Past Days by Manaf Suleymanov. 1990
  20. Female Activity at the Turn of the Century. Gender-az.org.
  21. (азербејџански) Megastar and Her Light. An interview with Hamida Javanshir's granddaughter Dr. Mina Davatdarova. Gender-az.org
  22. Göyərçin xanım. Adam.az.
  23. Azerbaijani Woman in Historical Retrospective. Gender-az.org.
  24. Shovkat Mammadova, Audacious Challenge by Fuad Akhundov. Azerbaijan International. Winter 1997 (retrieved 26 August 2006)
  25. 7th annual Azerbaijan Adoptive Families Reunion. Azerbaijani Women of America.
  26. Matriarch of Karaiazi - Parikhanim Sofiyeva.
  27. Izzat Orujova-100. Bakinsky Rabochy. October 2009.
  28. Adila Shahtakhtinskaya. Adam.az.
  29. (руски) The Proprietress of the Sky by I.Gadirova. Nash Vek. 7 May 2004. Retrieved 6 June 2007
  30. Center Stage: My Life as Azerbaijan's First Ballerina by Gamar Almaszadeh. Azerbaijan International. #10.3. Autumn 2002
  31. Hidden Facts about Ayna Sultanova. Deyerler. 8 February 2010.
  32. Famous Alumni - Valida Tutayug. Azerbaijani State Agricultural University.
  33. Nakhchivan.
  34. First Azerbaijani Female Cleric. Day.az. 17 November 2007. Retrieved 4 October 2011.

Библиографија[уреди | уреди извор]