Жена на Месечината (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Жена на Месечината“
РежисерФриц Ланг
НастапуваатВили Фришц
Герда Маурус
Клаус Пол
Фриц Расп
Гасл Гштетенбаур
Густав Фон Вангенхајм
КинематографијаКурт Курант
ДистрибутерUFA
Премиера15 октомври 1929 (1929-10-15)
Времетраење156 мин. / 200 мин. / Шпанија: 104 min. / Шпанија: 162 мин. (DVD edition) / САД: 95 мин / Западна Германија: 91 мин (edited version) (1970)
ДржаваГерманија
Јазикнем филм

Жена на Месечината - германски нем филм, снимен во 1929 година во режија на Фриц Ланг. Претставува адаптација на истоимениот роман на неговата сопруга Теа Фон Харбу, која заедно со него го напишала сценариото. Заплетот на филмот почнува кога германскиот претприемач Волф Хелиус организира експедиција на месечината со помош на револуционерен ракетен погон, но истовремено мора да се соочи со уцените од страна на американските претприемачки ривали, како и љубовните проблеми поврзани со неговата помошничка Фриде. За филмот е карактеристично што неговите творци настојувале вселенското патување да го да го прикажат што пореално, односно што е можно повеќе во склоп на тогашните научни и технолошки достигнувања. Поради тоа како советник е ангажиран ракетниот стручњак Херман Оберт, кој пробал да изработи употреблив модел на ракета. Филмот доживеал голем успех и во значајна мера во јавноста го популаризирал концептот за вселенско патување, но и техниката на одбројување пред лансирање на проектил. Жена на Месечината можеби најголемо влијание имал на 17 годишниот Вернер фон Браун кој покасно тврдел дека филмот го поттикнал да се занимава со развивање на ракетна техонологија, која по 40 години ќе доведе до тоа луѓето да можат да слетаат на месечината.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]