Железничка станица Баку
Железничка станица Баку Bakı Dəmir Yolu Vağzalı | |
|---|---|
| Железничка станица | |
Железничка станица Баку, февруари 2017 година | |
| Општи информации | |
| Место | Баку, |
| Координати | 40°22′59″N 49°51′12″E / 40.38306°N 49.85333°E |
| Сопственик | Азербејџански железници |
| Стопанисувач | Азербејџански железници |
| Перони | 5 |
| Колосеци | 8 |
| Поврзана со | Бакуско метро (Метро станица 28 Мај)[1] |
| Објект | |
| Вид градба | Наземна |
| Паркинг | Да |
| Други информации | |
| Код на станицата | 547112[2] |
| Историја | |
| Отворена | 1880 |
| Повторно изградена | 1926, 1977 и 2017 |
| Електрифицирана | Да |
| Услуги | |
|
Азербејџан, Грузија и Русија | |
Железничка станица Баку (азербејџански: Bakı Dəmir Yolu Vağzalı) — железничка станица која се наоѓа во Баку, Азербејџан. Таа служи за железничко поврзување на градот со други дестинации во Азербејџан, како и со Грузија и Русија.
Историја
[уреди | уреди извор]Првата станица била изградена во 1880 година, за време на отворањето на железницата Баку-Тбилиси, во мавритански стил.[3] Првата станица беше урната бидејќи не можеше да се справи со зголемениот сообраќај. Втората и сегашна станица била изградена во 1926 година, исто така во мавритански стил.[4]
Во 1967 година, железничката станица била поврзана со метро станицата 28 Мај со пешачки тунел.[5]
Во 1977 година, станицата била темелно реконструирана, при што била изградена нова станица до соседната стара станица.[4]
Во 2017 година, Азербејџанските железници повторно го изградиле комплексот на станицата. За време на реновирањето, тие ја вратиле внатрешноста на станицата, воведувајќи LCD-екрани со информации за распоредот на возовите за патниците. Покрај тоа, поради значителното зголемување на патничкиот сообраќај, како и потребата да се обезбеди удобна околина при купување на билети, било одлучено да се подели просторот за меѓуградски и меѓународни возови. Дизајнот на просториите не го нарушил целокупниот архитектонски стил. Декорацијата била направена од природни и вештачки материјали идентични на оригиналот. Во зградата на станицата има хотел со соби за сместување.[6]
Линии
[уреди | уреди извор]| Воз бр. | Насока | Воз бр. | Насока |
|---|---|---|---|
| 37 | Баку — Тбилиси | 38 | Тбилиси — Баку |
| 55 | Баку — Москва | 56 | Москва — Баку |
| 95 | Баку — Москва | 96 | Москва — Баку |
| 369 | Баку — Харков | 370 | Харков — Баку |
| 373 | Баку — Тјумењ | 374 | Тјумењ — Баку |
| 391 | Баку — Ростов на Дон | 392 | Ростов на Дон — Баку |
Слики
[уреди | уреди извор]- Разгледница, околу 1910 година
- Перони, февруари 2017 година
- Ескалатори до метро станицата 28 Мај, 2017
- Електрична локомотива AZ4A-0002 со патнички вагони на станицата, 2019 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ UrbanRail, уред. (2022). „Baku Metro“ (англиски). Посетено на 2022-12-23.
- ↑ „Баку-Пассажирская“ (руски). Архивирано од изворникот 2019-09-05. Посетено на 2019-09-06.
- ↑ „Бакинский железнодорожный вокзал - Тифлисский вокзал (Баку)“ (руски). Ourbaku.com. 2016. Посетено на 2021-10-17.
- 1 2 „The Baku Railway Station is commissioned into operation after major reconstruction“ (англиски). Mehriban-Aliyeva.az. 2017-02-10. Посетено на 2021-10-17.
- ↑ „History“ (англиски). Metro.gov.az. 2015. Посетено на 2021-10-17.
- ↑ „Ilham Aliyev, his spouse attend opening of newly renovated Baku Railway Station (PHOTO)“ (англиски). Trend.az. 2017-02-10. Посетено на 2021-10-17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Железничка станица Баку“ на Ризницата ? |
- Ticket.ady.az Архивирано на 20 октомври 2021 г. (азербејџански)