Железничка пруга Скадар–Вора
| Железничка пруга Скадар–Вора | |
|---|---|
Воз на станицата Лач | |
| Преглед | |
| Станици | 11 |
| Опслужување | |
| Превозник/ци | Албански железници |
| Историја | |
| Технички | |
| Колосек | 1.435 мм (4 ст 8+1⁄2 in) |
Железничка пруга Скадар–Вора (албански: Hekurudha Shkodër-Vorë) — железница меѓу Скадар и Вора во Албанија. Пругата се поврзува со пругата Подгорица–Скадар во Скадар, незавршената пруга Милот–Клос во Милот и железницата Драч–Тирана во Вора.
Железничката пруга Скадар–Вора е стандардна железничка пруга долга 103,6 километри. Како и другите железници низ Албанија, пругата не е електрифицирана.
Постои проектирана железница која треба да сообраќа од Вора до меѓународниот аеродром во Тирана. Сепак, проектот допрва треба да започне со изградба.
Историја
[уреди | уреди извор]
Железничката линија од 28 километри меѓу Вора и Лач била завршена помеѓу 1962 и 1963 година со помош на волонтери. Суровините биле увезени од Мароко, кои потоа со локомотиви биле влечени од Драч до Лач. Линијата официјално била отворена на 7 мај 1963 година.[1]
Железничката линија од 20 километри меѓу Лач и Леска била завршена помеѓу 1980 и 1981 година. Пругата официјално била отворена во април 1981 година.
Железничката линија од 34 километри меѓу Леска и Скадар била завршена помеѓу 1981 и 1982 година. Пругата официјално била отворена на 11 ноември 1981 година, а започнала со патничките услуги на 25 јануари 1982 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Opening Dates of HSH Standard Gauge Lines“. www.angelfire.com. Посетено на 2022-04-06.