Жарко Кузмановски
| Жарко Кузмановски | |
|---|---|
| 30 јануари 1981 – † 9 мај 2015 (34 г.) | |
| Роден во: | Тетово, |
| Починал во: | Куманово |
| Служба во: | |
| Чин: | Специјалец во |
| Единици: | |
| Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
| Одличја: | |
Жарко Кузмановски (30 јануари 1981 во Тетово – 9 мај 2015 во Куманово) — македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.
Загинал во вооружената престрелка во Куманово на 9 мај 2015 година заедно со седуммина соборци.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Живот, војната 2001 и сведоштва
[уреди | уреди извор]

Жарко Кузмановски е роден на 30 јануари 1981 година во Тетово, во семејството на Благуња и Душан Кузмановски. Основно образование завршил во ОУ „Коста Рацин“ во тетовското село Брвеница. Средно образование со успех завршил како кадет во 23. класа во Средното полициско училиште „Елисие Поповски“. Го сакал спортот и за време на школувањето во средното полициско училиште како примерен ученик бил праќан на натпревари за боречки спортови каде освоил повеќе медалји. Во март 2000 година се пријавил на оглас во Единицата за специјални задачи Тигар, каде по успешно поминатите селективни проверки бил примен и упатен на обука.
Со леснотија ги извршувал сите задачи. Од вооружениот конфликт од 2001 па сè до кобната 2015 година каде на 9 мај, во Куманово, при извршување на службени задачи го загуби животот. По дознавање на неговото загинување во борбите во Диво Насеље, Куманово, на социјалните мрежи се ширеше трогателна порака на една мајка за Жарко Кузмановски:
„Синоќа околу 9 бевме со маж ми и син ми во 7-ца во Карпош. Беше гужва, па замолив еден дечко син ми да јаде на маса до него. Чекајќи ги сендвичите тие почнаа дијалог, кој продолжи со гушкање... Кога дојдов до масата на која седеше човекот до моето дете, човекот ми рече: „Имате прекрасно дете господ да ве благослови, да порасне голем и силен како мене, јас сум специјалец.“ Рече дека се вика Жарко, а син ми го пленил со тоа дека му рекол дека има убаво име. Никој во животот не ми рекол дека имам прекрасно име... Стана, со многу љубов го прегрна Петарче и му рече: „Ти си посебно дете, да бидеш јунак и повтори, јас сум специјалец јас ќе те чувам.“ И сега со солзи го пишувам текстов затоа што човекот бил ЖАРКО КУЗМАНОВСКИ кој денеска го загуби животот. Слава ти пријателе почивај во мир и нека ти е лесна земја.“[2]
— Непозната мајка на социјалните мрежи
Потресното сведоштво на социјалните медиумите говори за неговите херојски погледи на животот и за неговата големина како човек. Со највисоки почести е погребан на гробиштата во село Брвеница. Жарко Кузмановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија. Кузмановски во жалост го остави своето семејство, сопругата и двајца малолетни синови.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Осуммина загинати спасија илјадници животи“. Дневник. 2015-05-10. Архивирано од изворникот на 2016-08-06. Посетено на 2017-05-25.
- ↑ „Трогателна порака на една мајка за загинатиот херој Жарко Кузмановски“. Вечер. 2015-05-10. Архивирано од изворникот на 2016-09-02. Посетено на 2017-05-27.