Жарко Димитриоски
сензационализам можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Жарко Димитриоски | ||
| [[Податотека: | ||
| Роден | Тетово, | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Занимање | медиуми, маркетинг | |
Жарко Димитриоски (роден во Тетово) — македонска медиумска личност, претприемач и маркетинг експерт. Тој е автор и извршен продуцент на најпопуларното македонско ТВ ток-шоу Еден на еден и основач и управувачки партнер на маркетинг агенцијата BDG.
Добитник е на наградата за претприемач на годината во Македонија за 2017 година[1] и бил избран на престижниот список Forbes 30 Under 30 како еден од најдобрите 30 претприемачи под 30 години во Европа од областа на медиуми и маркетинг во 2018[2].
Образование и професионален развој
[уреди | уреди извор]Во 2022 година, Димитриоски го завршува Executive Development Program на една од најдобрите бизнис школи во светот, Kellogg School of Management при Northwestern University во Чикаго, каде предавачи му биле светски реномирани професори и експерти како Jim Lecinski, Sergio Rebelo, Alexander Chernev и адмиралот Michael Rogers, поранешен директор на NSA (National Security Agency).
Исто така, Димитриоски е алумни на престижната програма International Visitor Leadership Program (IVLP) на американскиот Стејт департмент, во која учествувале бројни светски лидери и влијателни личности.
Магистер е по маркетинг, а има димпломирано во областите бизнис економија и новинарство на универзитетите АУЕ-ФОН и Св. Кирил и Методиј.
Кариера и влијание
[уреди | уреди извор]Жарко Димитриоски е еден од најистакнатите медиумски професионалци во Македонија. Тој е основач и управувачки партнер на една од најголемите независни маркетинг агенции во Македонија, BDG, која од 2021 година е стратешки партнер за Македонија, Косово и Албанија на глобалната маркетинг агенција TBWA[3], една од најуспешните маркетинг мрежи во светот. Во BDG на позицијата неизвршен директор е Џулијан Робертс, долгогодишен маркетинг експерт од Велика Британија и поранешен маркетинг директор на големи корпорации како ESET и Kaspersky.[4]
BDG соработува со голем број домашни и странски компании, обезбедувајќи стратешки, креативни и дигитални решенија за клиенти како Алкалоид, KFC, Argeta, Pepsi, Gorenje, Hisense, Diners, USAID и други.[5]
Од 2025 година, Димитриоски е избран за член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а од 2022 година е претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи – Тим 40 во рамки на Комората.
Телевизија
[уреди | уреди извор]МРТВ
[уреди | уреди извор]Димитриоски започнува да се занимава со медиумска работа уште како многу мал. На 6 години е избран да членува во детското драмско студио на МРТВ при една од најголемите направени аудиции во националната телевизија. Активен член на студиото е 10 години и за тоа време остварува многу улоги во детски проекти, играни серии, радио емисии. Учествува во Погрешно време, Умни Глави, Светот има осум страни, Дали како што, Здраво генијалци, а најзапаметен е по улогата на Диме Такси[6] во телевизиската серија Големи и мали[7] по адаптација на истоимениот роман од Бошко Смаќоски.
Спорт 4
[уреди | уреди извор]Две години од телевизиската кариера помина во првата и засега единствена спортска телевизија во Македонија, Спорт 4[7]. Таму работи како новинар, презентер на вести и коментатор на спортски натпревари. Меѓу другите, го коментира и првото финале на Вимблдон помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал, во 2006 година.
А1 и А2
[уреди | уреди извор]Емисијата Ексклузив е проектот со кој Жарко ја почна работата во А1 телевизија. Заедно со екипата која го стартуваше Ексклузив, меѓу кои и Анкица Стојановска, успеа да внесе новитет во телевизискиот етер правејќи ја првата емисија од овој тип кај нас, на која подоцна стана и уредник[8]. Во меѓувреме беше водител и на квизот 50-50, проектот НЕЦ - обратна аукција, македонскиот пренос од финалињата на Јас имам талент и Преживеан од Белград, проектот Најбрза македонска ѕвезда на емисијата Високи Октани, а изработи и документарен филм за Тоше Проески насловен По Тебе. Во овој период работи и на маркетинг кампањи за А1 групацијата и изработува повеќе реклами за BOOM TV, меѓу кои најпопуларен е познатиот спот со Жаре и Баба Ратка[9]. Последните години од кариерата во А1 работеше и како уредник на забавната редакција.
Еден на Еден
[уреди | уреди извор]Еден на Еден[10] е авторски проект на Димитриоски кој започна во 2008 година како дел од програмата на тогаш новата А2 телевизија. Ток-шоуто станува најпопуларната ТВ-емисија во Македонија и се емитува повеќе од 16 сезони на телевизиите А1, А2, Алфа, Телма и од 2017 година на Канал 5.
Во емисијата редовни гости биле бројни домашни и регионални ѕвезди како Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, Раде Шербеџија, Лепа Брена, Игор Џамбазов и многу други, а има добиено и 5 награди „Златна Бубамара“ за најдобра ТВ-емисија.
Во двете сезони кои Еден на Еден ги помина на А1 и А2 телевизија гостуваа огромен број познати личности како Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Кили, Елена Ристеска, Викса, Пеце Суперхикс, Катарина Ивановска, Перо Антиќ, Трендо, Ареа, Кире Лазаров, Тони Зен, Нокаут, Борко Ристовски, Влатко Лозаноски, Дејан Лилиќ, Скај Виклер, Елементал итн.
По затворањето на А1 телевизија, шоуто се врати на екраните со третата сезона од јуни до септември 2012та на тв Алфа, сезона во кои гости беа исклучиво музичари, глумци и стенд ап комичари од целиот Балкан.
Од ноември до април (2012/2013) се реализираа 20 епизоди плус Еден на Еден специјалот со Љупчо Николовски Фуфо. Повторно дојдоа веќе редовните Игор Џамбазов, Трендо, Кире Лазаров, Владо Бучковски, Елена Ристеска, Дејан Лилиќ… Жарко имаше и одлични гостувања од Раде Шербеџија, Влатко Стефановски, Лино Червар, Калиопи, Каролина Гочева, Васко и Бубо К15, Дарко Панчев, Дарко Станиќ, Мојсовски, Миркуловски, Живко Мукаетов, Трифун Костовски, Сашо Гигов Гиш и уште дваесетина други.
Шоуто Еден на Еден ја заврши својата петта сезона во мај 2014. Се емитуваа 27 епизоди во кои меѓу другите гости беа и Драган Бјелогрлиќ, Игор Џамбазов, Даниел Кајмакоски, Катарина Ивановска, Сергеј Самсоненко, Жељко Самарџиќ, Влатко Стефановски, Јелена Розга и уште 40ина други македонски и балкански ѕвезди[11]. Шоуто се снимаше во комплетно ново студио и се емитуваше секоја недела на тв Алфа во 20 часот. Домашен бенд во емисијата беа Пеперминт[12], најпознати по нивниот хит Девојката со точакот.
Од ноември 2014 до мај 2015, секоја сабота вечер на Алфа тв се емитуваше шестата сезона од шоуто. Тимот беше збогатен со повеќе ликови и сценаристи, а Пеперминт и натаму беа домашен бенд во Еден на Еден. Гостуваа плејада домашни и балкански ѕвезди, а освен стандардните имиња свое прво гостување имаа и Владо Георгиев, Бранко Огњановски од К-15, Бора Ѓорѓевиќ од Riblja Corba, Нина Бадриќ, Лила Стојановска, Аки Рахимовски и Parni Valjak, Васко Ефтов, американската аренби група Blackstreet, Борислав Димитров - Бобо, Шабан Шаулиќ, Ана Бекута, Наум Петрески, Зуица Лазова, Викторија Лоба, Дарио Панковски, Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевски.
Сè поголемата популарност, Еден на Еден ја заокружи со добивање на Златна Бубамара за најдобра тв емисија за 2014 година[13].
Седмата сезона од шоуто се емитуваше на тв Телма, секоја сабота во 19.15ч и со неа Еден на Еден се зацементрираше како убедливо најгледаната забавна емисија во Македонија. Сезоната беше најавена со тизер видео во кое учествуваа Игор Џамбазов, Трендо, Александар Чомовски, Петко и Бранко Огњановски како охриѓанецот Климе. Тимот на сценаристи беше освежен за неколку нови луѓе, останаа добро познатите сегменти како јавуавњата на Спасе, но имаше и неколку новитети како рап-битките на познатите личности од јавната сцена, од кои најмногу внимание привлекоа рап-битките меѓу Груевски и Заев. Гостуваа многу личности меѓу кои и австралијанецот Ник Вујичиќ, Саша Ковачевиќ, Исидора Бјелица, Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Марјана Станојковска, Борко Ристовски, Тимур Дибиров, Емилија Розман, Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Дуке Бојаџиев, Каролина, Горан Михајловски, Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Жељко Самарџиќ, Сергеј Четковиќ и многу други.
Еден на Еден доби уште една награда Златна Бубамара за најдобра емисија за 2016-та година.
Деветтата сезона од Еден на Еден се емитуваше на Канал 5 телевизија, секоја недела во 18 и 50 часот и беше најгледаната ТВ сезона на шоуто. Емисијата уште еднаш се закити со нова Златна Бубамара за најдобра ТВ емисија за 2017-та[14].
Истото продолжи и во десеттата сезона од шоуто, уште еднаш на Канал 5 телевизија, недела во 18 и 30 часот. Повторно, составот на гости го сочинуваа најпознатите имиња од домашниот и регионалниот забавен живот како Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, Лепа Брена, Тарик Филиповиќ, Неле Карајлиќ, Саша Ковачевиќ, Стефан Миленковиќ, Милан Калиниќ, Хари Варешановиќ, Лане Гутовиќ, Жељко Самарџиќ, Тамара Тодевска, Елена Ристевска, Владо Јаневски, Роберт Саздов, но и светски ѕвезди како Grandmaster Flash.
Балкан стенд ап
[уреди | уреди извор]Димитриоски е основоположник на домашната стенд ап сцена. На крајот на 2000-ите, тој е организатор на фестивалот „Балкан стендап“ и повеќе стенд ап евенти низ Скопје и државата, каде настапуваат најдобрите комичари од регионот, меѓу кои Срѓан Динчиќ, Тин Водопивец, Перица Јерковиќ, Сашко Коцев, Срѓан Јовановиќ и други.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Доделени наградите“. Архивирано од изворникот на 2017-12-21. Посетено на 2018-01-24.
- ↑
- ↑
- ↑
- ↑
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-28. Посетено на 2013-11-07.
- 1 2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-09-09. Посетено на 2013-11-07.
- ↑ http://tocka.com.mk/22/57163/zarko-dimitrioski-se-razbudiv-vo-wc-guskajki-tigar
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=nXvAD3m1ttY
- ↑ http://edennaeden.mk/rabota/proekti/#simple1
- ↑ http://edennaeden.mk/rabota/proekti
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-11-19. Посетено на 2013-11-07.
- ↑ http://faktor.mk/2015/02/23/zasluzheno-eden-na-eden-najdobra-tv-emisija-na-godinata-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta/
- ↑ https://faktor.mk/fcherashni-novosti-i-eden-na-eden-povtorno-so-zlatna-bubamara-za-popularnosta?desktop=true
