Жарко Јовановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жарко Јовановиќ
Жарко Јовановић
Роден(а)26 декември 1925(1925-12-26)
Батајница, Белград, Кралство на Србите, Хрватите и Словенците
ПотеклоБелград, Србија
Починал(а)24 март 1985(1985-03-24) (возр. 59)
Париз, Франција
ЖанровиРомска музика
Занимањамузичар, композитор
ИнструментиБалалајка
Период на активност1949-1985

Жарко Јовановиќ (Батајница, 26 декември 1925Париз, 26 март 1985) – ромски музичар кој е познат по композицијата на ромската химна Ѓелем, ѓелем.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората светска војна бил затворан во три логора. Со петнаесет година ѝ се приклучил на југословенските партизани. За време на војната Јовановиќ го изгубил поголемиот дел од семејството.

Жарко Јовановиќ со тамбурашот Милош (не се сеќава на неговото презиме) во 1949 година за Радио Белград напишал текст за понижувањата кои ги преживеале Ромите во текот на Втората светска војна и му додал традиционална мелодија. Текстот ги опишува прогоните, убиствата и водењето во концентрациони логори, односно геноцидот над Ромите од страна на СС дивизиите „Ханџар“ и „Кама“ и од Гестапо во Независна Држава Хрватска, што ги опишува со т.н. „Црни легии“.

Во Париз се преселил на 21 февруари 1964 година. Таму бил познат по свирење на балалајка, традиционален руски инструмент.

Јовановиќ бил познат како ромски активист. Учествувал на два ромски конгреса, еден во 1971 година во Лондон и другиот во 1978 година во Женева. На Вториот ромски конгрес бил прогласен за ромски министер на културата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Калезић, Мишко (1984). „Министар на коленима“ (хрватски). Tamburica. Посетено на 6 април 2012.