Жариште (геометрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
По рефлексијата во параболично огледало, паралелните зраци се собираат во жариштето на параболата
Зраците кои потекнуваат од едната жаришна точка на елипсата се спојуваат во втората жаришна точка по рефлексијата

Жариште или фокус[1][2] — во геометријата е точката што го одредува конусниот пресек. Познати се четири вида конусни пресеци:

  • Елипсата има две жаришта: збирот растојанијата од двете жаришта е ист за сите точки на елипсата.
  • Хиперболата има две жаришта: разликата во растојанието од двете жаришта е иста во апсолутна вредност за сите точки на хиперболата.
  • Параболата има единствено жариште: која било точка на параболата е на исто растојание од жариштето како што е од симетралата.
  • Кружницата има жаришна точка во средиштето: сите точки на кружницата се подеднакво оддалечени од средиштето.

Зборуваме и за жаришта на други криви, на пр. кај лемнискатите.

Името жариште е поврзано со особеностите од оптика. Огледалото, кое има облик на еден од наведените конусни пресеци, имено (под соодветни услови) ги собира светлосните зраци во жариштето, па температурата таму значително се зголемува и собраните зраци можат да го запалат предметот што се наоѓа во жариштетот. Слична појава може да се забележи и со оптичките очила - леќи - поради што и таму зборуваме за жаришна точка.

Наводи[уреди | уреди извор]