Прејди на содржината

Жан Залески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотографија од изложбата во 2019 година во Валета, Малта на жени уметници од Малта или поврзаности со Малта. Оваа слика е приказ на монитор (музејски плакат) кој ги опишува уметникот и уметничкото дело -- „Ненасловена (од Малта: Спомени и истражувања 1989-2001)“ 2002 година, мешана техника на дрво.[1]

Жан Залески (роденa Жан Бусутил, исто така познатa како Жан Бусутил Залески ; Биркиркара, Малта (11 април 1920 година - 2 мај 2010 година) била уметник од Малта која го поминала најголемиот дел од својот возрасен живот во Соединетите држави. Нејзините дела се појавиле на неколку изложби во САД и Малта.[2]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Жан Бусутил е родена во Биркиркара,[3] на 11 април 1920 година) најмладата од 11-те деца. На 8-годишна возраст заедно со семејството емигрирала во САД.[4]

Образование и награди

[уреди | уреди извор]

Залески студирала како уметник во Соединетите Американски Држави на Мур колеџот за уметност и дизајн во Филаделфија, а во Њујорк на Институтот Прат, Факултетот за дизајн Парсонс и Лигата на студенти по уметност. Во 1986 година ја добила наградата Сузан Б. Ентони во областа на сликарството од Националната организација за жени[5] и била поканета од претседателот Џими Картер во Белата куќа[2] како дел од делегација од пет жени уметници во 1975 година.[6] 

Слики од Залески биле претставени на изложби за време на нејзиниот живот и по нејзината смрт.

Освен уметнички изложби, нејзините дела се појавувале и во книги. Овие публикации спаѓаат во две категории: илустрации и книги за уметници, честопати комбинирајќи ги обете. Тие вклучуваат „Кова/линии“. 1982. ISBN 9780914278375. со песни од Едвин Хониг, која се состои од лента формирана од 2 споени листови, превиткана во стилот на хармоника за да формира 22 страници од секоја страна. Оваа уметничка книга е дизајнирана на таков начин што може да се гледа или како обичен распослан лист од две страници или како расклопена целина.

Крилести духови: 24 современи американски поети. 1995. ISBN 9781896209203., уредена од Ф. Д. Рив, е илустрирана со колажни слики од Залески.

  1. ↑ „Wiki Loves Art 2019“. Fondazzjoni Kreattività (англиски). Посетено на 2020-02-08.
  2. 1 2 „Exhibition by Maltese-American artist“. Times of Malta. 19 April 2002. Архивирано од изворникот на 2024-05-31. Посетено на 2023-05-23.
  3. ↑ Sleeman, Elizabeth (2001). The International Who's Who of Women 2002 (англиски). Psychology Press. стр. 644. ISBN 978-1-85743-122-3.
  4. ↑ Fiorentino, E. (9 June 2002). „Malta musings and mnemonics“. The Sunday Times of Malta.
  5. ↑ „Susan B. Anthony Awards Alumni - NOW-NYC |NOW-NYC |“. 2018-10-17. Архивирано од изворникот на 2018-10-17. Посетено на 2019-02-23.
  6. ↑ Zaleski, Jean (2002). Memories and Explorations. Malta: St James Cavalier Centre for Creativity. стр. 47. ISBN 99932-34-03-6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

https://www.macdowell.org/artists/jean-zaleski