Прејди на содржината

Жан Батист фон Швајцер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жан Батист фон Швајцер (германски: Jean Baptista von Schweitzer; 12 јули 1833 — 28 јули 1875) — германски политичар, драмски писател и поет. По смртта на Фердинанд Ласал, тој бил водач на Општото германско работничко здружение (германски: Allgemeiner Deutscher Arbeiter-Verein, ADAV). Карл Маркс остро го критикувал поради неговото застапување на политиката на Бизмарк, нарекувајќи го „кралско-пруски социјал-демократ“.[1]

  1. „Регистар имена“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 191.