Жанасемеј (округ)
| Жанасемеј | |
|---|---|
| округ | |
| Жаңасемей ауданы | |
Карта на округот | |
| Земја | |
| Област | Абајска |
| Седиште | Семеј |
| Обновен | 2024[1] |
| Површина | |
| • Вкупна | 27.100 км2 (10,500 ми2) |
| Население (2021) | |
| • Вкупно | 20.868 |
| Час. појас | источен (UTC+6) |
Жанасемеј (казашки: Жаңасемей ауданы, руски: Жанасемейский район) — округ во Абајската Област во источен Казахстан. Седиште е градот Семеј, иако самиот не е дел од округот.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Округот за првпат е создаден во 1928 г. за време на Казашката АССР. Тогаш бил во состав на Семипалатинската Област, но по две години е укинат. Во 1938 г. округот е обновен како дел од Источноказахстанската Област на Казашката ССР и траел до 1957 г. со извесни измени. Во 1966 г. Женасемеј е повторно обновен и траел до 1996 г. Конечно е обновен со претседателски указ, почнувајќи од 1 јануари 2024 г.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Во округот се наоѓаат реките Шаган и Сариузен, езерата Шуга, Балиткикол и Чаган/Шаган. Во западниот дел се издигаат планините Дегелен и Миржик и се дел од Казахстанскиот Праг.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Прирачник за историјата на административно-територијалната структура на Семипалатинската Област. - Семипалатинск, 2006.
- ↑ Поделбени единици на Казахстан на месните јазици, GeoNames
- ↑ „Топографска карта N-44“. Посетено на 15 април 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Жанасемеј (округ) на Ризницата ?- Портал на округот Жанасемеј
| |||||||||||||||||