Прејди на содржината

Жаметовка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грозје од Жаметовка

Жаметовка (словенечки: Žametovka) е црвено словенечко винско грозје. Познато е и под имињата Аметовска и Кавчина црна. Тоа е едно од најстарите домашни сорти на грозје во Словенија. Некогаш било популарно во лозјата во штаерските лозја, а уште повеќе, дури и денес, познато е во Долењска во југоисточна Словенија - по црвеното вино цвичек. Една лоза од Жаметовка која расте во словенечкиот град Марибор, проценета е од страна на Гинисовата книга на рекорди како најстара жива лоза и произведува грозје повеќе од 400 години.[1][2]

Мариборска лоза

[уреди | уреди извор]

Виновата лоза која расте во Марибор е дел од фасадата на Старата винска куќа која се наоѓа во пределот на Лент по должина на реката Драва. На сликите од куќата кои се чуваат во Штаерскиот покраински музеј во Грац се гледа дека винова лоза таму расте уште од 1657 година. Во 1972 година виновата лоза била тестирана од париската лабораторија, и потврдена е старост од преку 400 години. Во текот на својот живот мариборската лоза ги преживеала отоманско-хабсбуршките војни кои го зафатиле целиот регион, наполеоновата инвазија и владеење со илирските провинции, епидемијата на филоксерите која ја опустошила лозата Vitis vinifera низ целиот континент, како и Првата и Втората светска војна.

Повеќе од 400 години стара Жаметовка која расте на предниот дел на Старата винска куќа во Марибор, Словенија. Десно од лозата се наоѓа ќерката на виновата лоза земена со сечење од старата лоза.

Секоја берба на мариборската винова лоза дава доволно плодови за да се направат околу 25 литри вино, кое се флашира во мали шишиња од 250 мл кое Градскиот совет на Марибор го дава како свечен подарок на достоинствениците, и поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Бил Клинтон добил едно такво шише. Папата Бенедикт XVI, јапонскиот цар Акихито и поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, исто така, добиле шишиња вино Жаметовка произведено од мариборската лоза.

Садниците од винова лоза, исто така, се даваат како подарок. Така јорданскиот крал Абдула II добил една садница, а поранешниот претседател на Словенија Милан Кучан има една садница во својот дом во Љубљана.[2]

Бербата на винова лоза и дробењето на грозјето се извршуваат во октомври, во рамки на десетодневниот фестивал Баханалии во Марибор.

Жаметовка е доцна сорта (созрева во средината на октомври), со умерена јачина, која бара подобра локација на лозјето. Релативно е отпорна на зимскиот мраз, но помалку на пролетниот мраз. Периодот од почетокот на пупењето до полно зреење на грозјето трае околу 170 дена. Гроздот е голем, средно компактен и тежи во просек од 250-400 грама. Грозјето Жаметовка зрее до високо нивоа на шеќер и произведува богати вина со забележлива сладост и заостанати шеќери. Виното од мариборското грозје, кое не е достапно за јавна продажба, Дејли Телеграф го опиша како „всушност не се пие“.

Синоними

[уреди | уреди извор]

Во текот на годините, Жаметовка била позната по различни синоними, вклучувајќи ги Кавчина Црна, Капчина Кавчина, Коелнер блау, Коелнер Блауер, Заметаста чрнина, Заметна чрнина и Заметнина чрнина. [3]

  1. Nick Stephens "The Oldest Grape Vine in the World – and The Oldest Wine etc! Архивирано на 23 октомври 2012 г." Bordeaux Undiscovered. July 17th, 2008
  2. 2,0 2,1 Slovenian Press Agency "Maribor Harvests World's Oldest Vine Архивирано на 13 декември 2013 г." September 25th, 2011
  3. Vitis International Variety Catalogue (VIVC) Žametovka Архивирано на 4 март 2016 г. Accessed: November 3rd, 2012