Жак Барон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жак Барон
Роден/а21 февруари 1905
Париз, Франција
Починат/а30 март 1986
Париз, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Книжевно движењеНадреализам

Жак Барон (француски: Jacques Baron, роден на 21 февруари 1905 во Париз - починал на 30 март 1986 во Париз) — француски поет и писател, приврзаник на движењето надреализам.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жак Барон е роден на 21 февруари 1905 во Париз, Франција. Неговата прва збирка на песни била објавена во „Aventure“ во 1921 година. И покрај тоа што бил првично вклучен во движењето дадаизам, тој станал еден од основачите на надреалистичкото движење по неговиот состанок со Андре Бретон во 1921 година[1], и придонесол во основањето на „La Révolution surréaliste“.

Во 1927 година, како и многу од неговите современици, Барон се приклучил на Демократскиот комунистички округ. Поради спорот со Бретон во 1929 година, Жак Барон бил протеран од движењето и тој се биле поврзал со Жорж Батај објавувајќи краток есеј во 1929 годин.

Барон, исто така ги напишал и романите „Charbon de mer“ (1935), „L’An 1 du Surréalisme“ (1969), и колекција од поеми, „L’Allure poétique“ (1973).

Дела[уреди | уреди извор]

  • L'Allure poétique, 1924
  • Paroles, 1929
  • Peines perdues, 1933
  • Charbon de mer, roman, 1935, Prix des Deux Magots
  • Le Noir de l'azur, 1946
  • Je suis né..., 1952
  • Les Quatre temps, 1956
  • L'Initiation sentimentale, 1956
  • L'An I du surréalisme, 1969
  • Nouveautés d'hiver, 1974

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brandon 193.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]