Прејди на содржината

ЖКК Млади Крајишник

Од Википедија — слободната енциклопедија
ЖКК Млади Крајишник
ЛигаПрвенство на Босна и Херцеговина
Основан1963; пред 63 години (1963)
СалаОбилиќево
Сала Капацитет800
МестоБања Лука, Република Српска,  Босна и Херцеговина
Бои на клуботцрвена и црна
         
ПретседателБране Човичковиќ
ТренерМилан Шобот
Прваци4

Женски кошаркарски клуб Млади Крајишник, познат и као ЖКК Млади Крајишник (српски: Женски кошаркашки клуб Млади Крајишник / Ženski košarkaški klub Mladi Krajišnik), је професионален женски кошаркарски клуб со седиште во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Основан је во 1963 година, а веќе во 1964 година започнал да се натпреварува во Првата југословенска лига.[1] Домашните натпревари ги игра во Спортската сала Обилиќево, со капацитет од 800 гледачи. Се смета за најуспешниот клуб во Република Српска и моментално се натпреварува во Првенството на Босна и Херцеговина. Прекарот на клубот е Малите (Малене), а негов спонзор е Меридијанбет.[2]

Во клупската витрина се наоѓаат 19 куп-трофеи и девет титули шампион на Република Српска, како и четири шампионски титули и четири Купа на Босна и Херцеговина. Клубот двапати, во 1996 и 1997 година, бил прогласен за најдобар спортски клуб во Република Српска, а шест пати бил избран за најдобар тим во Бања Лука. Во однос на меѓународните натпреварувања, клубот учествувал во Ронкети купот, Еврокупот, како и во Женската Јадранска лига (WABA).

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот ЖКК Млади Крајишник е основан на 25 мај 1963 година. Следната година, клубот се приклучил на Првата лига на Југославија, од која испаднал три пати до 1972 година. Помеѓу 1974 и 1991 година, клубот континуирано се натпреварувал во Првата лига на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Потоа, помеѓу 1992 и 1995 година, учествувал во Првата лига на Сојузна Република Југославија, од која испаднал во Првата лига Б истата година. Во 1997 година, се вратил во Првата лига, а истата сезона го освоил второто место на првенството на Југославија. Клубот се натпреварувал во југословенското првенство до 1999 година. ЖКК Млади Крајишник е единствениот клуб, освен Црвена Звезда, кој го задржал својот статус во Првата југословенска лига толку долго време.

Од 1993 година, ЖКК Млади Крајишник учествува во Првенството на Република Српска, каде што доминирал со девет последователни титули. Почнувајќи од сезоната 1999-2000, клубот започнал да се натпреварува во Заедничкото првенство на Босна и Херцеговина, станувајќи шампион во својата дебитантска година. Во следните децении, се етаблирал како една од најуспешните институции за женска кошарка во земјата, освојувајќи вкупно 35 трофеи за 25 години.[3]

  • 1964-1985 Млади крајишник
  • 1985-1988 Крајина ауто Млади Крајишник
  • 1988-1992 Крајина ауто
  • 1997-1998 Порт Млади Крајишник

Трофеи и титули

[уреди | уреди извор]
Првенство на Сојузна Република Југославија
  • вицешампион (1): 1997-1998
Првенство на Босна и Херцеговина
  • шампион (4): 1999-2000, 2000-2001, 2010-2011, 2012-2013
Куп на Босна и Херцеговина
  • шампион (4): 2000, 2007, 2008, 2012
Првенство на Република Српска
  • шампион (9): 1992-1993, 1993-1994, 1994-1995, 1995-1996, 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001
Куп на Република Српска
  • шампион (19): 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2003, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014
Женска Јадранска лига (WABA)
  • Учесник во Финалната четворка (1): 2009-2010

Позначајни кошаркарки

[уреди | уреди извор]

Истакнати поранешни кошаркарки:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Mladi Krajišnik“. fakultetsite.wordpress.com. Посетено на 11 мај 2025.
  2. ↑ „MERIDIAN UZ „MALENE": Podrška ženskoj košarci i novim trijumfima“. kosarka24.ba. Посетено на 11 мај 2025.
  3. ↑ „ŽKK MLADI KRAJIŠNIK“. zkkmladikrajisnik.com. Посетено на 11 мај 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]