Вагаршапат

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ечмијаѕин)
Прејди на: содржини, барај
Светско наследство на УНЕСКО
Вагаршапат
Վաղարշապատ
Назив според описот на списокот
The cathedral (480, 618)
Критериуми ii, iii
Навод 1011
Регион по УНЕСКО Европа и Северна Америка
Запис
Прогласено 2000 (24th. заседание)

Вагаршапат (ерменски: Վաղարշապատ), од 1945 до 1995 г. Ечмијаѕин (Էջմիածին) — град во Ерменија. Овој град е најсветиот град во Ерменската апостолска црква и седиште на католиксот на црквата. Градот се наоѓа во покраината Армавир, на околу 20 километри западно од Ереван. Според пописот од 2008 година, градот има 52.757 жители.

Градот бил основан во IV век п.н.е. под името Вардкевсан. Во II век градот станал престолнина на Ерменија. Најважната и најпозната зграда во градот е Вааршпатската катедрала, која е и најстара на светот. Објектот бил изграден во 301 година, во време кога Ерменија била единствената држава во светот која го имала прифатена христијанството како религија. Во периодот од 480 до 618 година била на повеќе пати доградувана и реновирана.

Катедралата официјално од 2000 година била вклучена во списокот на УНЕСКО.