Ефросина (сопруга на Михаил II)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ефросина
Византиска императорка
Владеење823-829
Крунисување823
ПретходникТекла
НаследникТеодора
Придружник наМихаил II Амориецот

Ефросина — византиска царица, втора сопруга на царот Михаил II Амориецот.

Ефросина била ќерка на византискиот император Константин VI Слепиот и на неговата сопруга Марија Амниска. Ефросина имала една помала сестра по име Ирина. Родителите на Ефросина се разведеле во 795 година, по кое Марија и нејзините две ќерки биле заточени во манастир на Принцовите острови. Константин VI се оженил за љубовницата Теодота.

Ефросина останала во манастирот до 823 година, а во меѓувреме на престолот се качил император Михаил II Амориецот. Неговата сопруга Текла починала во почетокот на неговото управување и за да ги зацврсти своите позиции во власта, императорот решил да се ожени за ќерката на својот претходник Константин VI Слепиот. За таа цел, Ефросина била вратена во царскиот двор како нова царица. Бракот сепак им бил неполоден, односно без наследници. Михаил II починал на 2 октомври 829 година и бил наследен од Теофил, неговиот син од претходниот брак.

Како втора мајка на Теофил, Ефросина имала одредено некое врз шестнадесетгодишниот Теофил. Ефросина го организирал изборот на сопруга за Теофил, повикувајќи девојки во палатата од империјата. Изгледа дека лично императорката ја избрала сопругата на Теофил, Теодора. Набргу потоа поранешната царицата повторно се повлекла во манастир. Теофан Исповедник напишал дека Теофил ја принудил на Ефросина и таа да замине во манастир.

Ефросина се појавува уште два пати во историјата по повторното повлекување во манастир. Откако во Константинопол стигнала веста дека Теофил е убиен во битка против Арапите во Мала Азија, оној дел од сенаторите кои биле против императорот, сметале дека нема потреба да ја проверат вистинитоста на гласините пред да го одлучат неговиот заменик на престолот. Ефросина, која била против овој политички потег испратила свој претставник да го доведе нејзин син, за да го советува да се врати веднаш во главниот град. Според подоцнежни арапски и сириски извори претставникот го прочитал писмото на Теофил, во кое пишувало: "Византијците кои се вратија, рекоа дека си мртов, и тие сакаа да изберат друг цар; дојди брзо.[1]. "

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Women in Purple: Rulers of Medieval Byzantium by Judith Herrin (Phoenix Press, London, 2001), ISBN 978-0-691-09500-4 pages 176–77.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Текла
Византиска царица
c. 823–829
Наследник
Теодора