Ефимија (императорка)
Еуфемија | |
---|---|
Императорка на Византиското Царство | |
Полно име | Еуфемија (оригинално Лупицина) |
Роден(а) | 5 век |
Починал(а) | 523/524 |
Место на смрт | Цариград |
Почивалиште | Црквата Света Ефимија |
Придружник на | Јустин I |
Династија | Јустинијанова династија |
Императорката Ефимија, чие оригинално име било Лупицина, била сопруга на Јустин I од Византиското Царство и основач на Јустинијановата династија која траеше од 518-602.
Императорката Ефимија е заслужна за црковната политика на Јустин I, според официјален црковен запис кој датира од 540 - Хрониката на Едеса.[1] Таа ја основала црквата Света Ефимија, каде што била погребана по нејзината смрт во 523 или 524. Јустин бил погребан покрај неа во 527.[2]
Бракот на Ефимија и Јустин се проценува дека се случил за време на владеењето на Анастасиј I (владеел 491-518), кога Јустин имаше успешна кариера во византиската војска.[2]
Прокопиј исто така тврди дека и двата членови на императорската двојка го стекнале престолот во последните години од нивните животи.[3] Биле без деца, затоа нивниот наследник бил Јустинијан I, кој бил внук и посвоен син на Јустин.
Се смета дека оригиналното име го добила од Лупа - волчицата која ги одгледала Ромул и Рем, која се поврзува со култот на оваа божица-волк и матрилинеарната етрурска цивилизација која му претходеше на Рим. Емулацијата на културниот херој, верскиот маченик Света Ефимија, може да претставува причина за селекција на Ефимија како императорското име, особено имајќи ги во предвид верските промени кои тогаш се случувале во Цариград и очигледниот интерес на императорката за почитувањето на светицата.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Prosopography of the Later Roman Empire, vol. 2
- ↑ 2,0 2,1 Geoffrey Greatrex, "Euphemia, Wife of Justin I"
- ↑ Procopius, "Secret History", Chapter 6.17
Претходник Елија Аријадна |
Византиска царица 518–c. 524 |
Наследник Теодора |
|