Ефект на стаклена градина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гасови на стаклената градина

За 2,5 милиони години, Земјината клима се променила кружејќи од ледени ери, па се до потопли периоди. Но во последниот век, температурите на Земјата пораснале неверојатно брзо. Научниците сметаат дека тоа е човечка активност која ги покачува температурите, позната под името Глобално затоплување. Откако започна индустриската револуција Фабриките, Електраните и конечно автомобилите преработиле големи количини на фосилни горива како што е нафтата испуштајќи големи количини на Јаглерод Диоксид и други гасови во атмосферата. Овие гасови на стаклената градина ја заробуваат топлината на Земјата, во природно настанатиот процес кој се нарекува Ефект на стаклена градина. Ефектот на стаклена градина започнува со Сонцето и енергијата која ја зрачи на Земјата. Земјата и атмосферата апсорбираат дел од оваа енергија, додека остатокот се враќа назад во Вселената.

Вовед[уреди]

Сонцето зрачи неизмерно количество енергија преку широк спектар на бранови должини.Најголем дел од енергијата од Сонцето е концентрирана во видливиот и блиску-видливите делови од спектарот. 43 % од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа во видливиот дел од спектарот, а од 7 до 8 % од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа пониско од видливиот спектар каде брановата должина се намалува. Што е помала брановата должина на светлината, толку повеќе енергија содржи. Ултравиолетовото зрачење, кое има многу мала бранова должина содржи многу повеќе енергија, и е способно да раздели стабилни биолошки молекули , како и да предизвика изгореници и рак на кожата . Останатите од 49 до 50 % од вкупната емитувана енергија се наоѓаат над видливиот дел на спектарот, кои се наоѓаат во инфрацрвеното зрачење. Најразлични компоненти од Земјината атмосфера ги апсорбираат ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење. Единствено што останува е видливата светлина која продира низ Земјината атмосфера. Апсорбирана од земјата, океаните и вегетацијата на површината, видливата светлина се трансформира во топлина и зрачи во форма на невидливо инфрацрвено зрачење враќајќи се наназад кон Земјината атмосфера.

Важност[уреди]

Ефектот на стаклена градина е многу важен за животот на планетата. Без него Земјата не би била доволно топла за да може на неа да се живее. Средната температура на површината на Земјата денес е околу 15 С степени,а доколку не би бил ефектот на стаклена градина средната температура на земјината површина би била околу -18 С, односно не би имало живот на планетата. Затоа луѓето во минатото сметале дека овој ефект е многу важен за Земјата.

Но никој не претпоставил дека овој ефект може да биде и опасен доколу присуството на гасовите на стаклената градина се зголеми. Што поголемото присуство на гасовите на стаклената градина во атмосферата доведува до т.н. засилен ефект на стаклена градина што веќе станува опасност за животот на планетата. Дури и малите покачувања на температурата можат да бидат многу опасни, не само за човекот туку и за сите останати живи оргамизми. Овој ефект за прв пат бил откриен од страна на Џозеф Фуриер во 1824 година.


Последици[уреди]

Овој ефект не содржи само негативни последици. Најпрвин би се зголемил бројот на плажите, а некои земји ќе имаат многу потопла клима. Климата ќе биде разновидна, од медитеранска клима во летните периоди, па се до сибирските студови во зимата. Со потоплата клима жешките земји, како во Африка, ќе станат неиздржливи за живот. Ќе се формираат повеќе пустини поради недостатокот на водата. Животните и растенијата кои бараат поладна клима ќе исчезнат. Многу од замрзнатите површини од Арктикот и Антарктикот ќе се одмрзнат што ќе доведе до подигнување на нивото на водата. Пожарите ќе бидат честа појава. Исто така ќе доведе до се поголемо појавување на торнадата, цунамите, кои ќе бидат со појак интензитет итн.

Се додека индустријализираната нација употребува енергија и земјите во развивање ја зголемуваат потрошувачката на фосилните горива, концентрацијата на Гасовите на стаклената градина ќе продолжи да расте. Истражувачите предвидуваат дека температурите ќе се зголемат околу 2 до 10 степени Фаренхајтови до крајот на 21 век. Но уште понесигурно е што ова значи за Земјата?

Некои модели за Климата, предвидуваат мали промени. Другите сметаат дека нивото на морињата ќе се зголеми кое ќе поплави различни региони околу светот. Климатските модели ќе се променат што ќе доведе до почесто појавување на Ураганите. Жестоки суши ќе бидат почести во потоплите региони. Животните неспособни да се адаптираат на променливите услови ќе се соочат со исчезнување.

Заклучок[уреди]

Иако уште треба да се научи за глобалното затоплување многу организации го намалуваат испуштањето на гасовите за да го намалат влијанието на Глобалното затоплување и Ефектот на Стаклена градина.

Дали треба да се грижиме за глобалното затоплување и засилениот ефект на Стаклена градина? Одговорот е секако, да. Мора да сториме нешто за да ги намалиме гасовите на стаклената градина, кои ние ги произведуваме. Ова може да го постигнеме со

  • помало користење на превозните средства,
  • садење на нови дрвца
  • рационално користење на енергијата
  • собирање на отпадоци, односно рециклирање на шишињата(пластиката)
  • рециклирање на најлон кесињата итн.