Еузебиуш Смоларек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полска Еузебиуш Смоларек
Лични податоци
Роден на 9 јануари 1981(1981-01-09)(43 г.)
Роден во Лоѓ, Полска
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2013
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2005 Фејенорд Фејенорд 68 (12)
2005-2007 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 81 (25)
2007–2008 Расинг Сантандер Расинг Сантандер 34 (4)
2008-2009Болтон Болтон 12 (0)
2009-2010 Кавала Кавала 15 (3)
2010-2011 Полонија Полонија Варшава 23 (7)
2011-2012 Ал-Хор Ал-Хор 10 (3)
2012 АДО Ден Хаг АДО Ден Хаг 12 (2)
2012-2013 Јагелонија Јагелонија 20 (4)
Репрезентација
2002-2010 Полска Полска 47 (20)
Раководител на екипите
2014 Фејенорд Фејенорд (младинци)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Еузебиуш "Еби" Смоларек (полски: Euzebiusz "Ebi" Smolarek; роден на 9 јануари 1981 година) — полски фудбалски тренер и поранешeн играч, кој играл на позицијата напаѓач.

Тој е син на поранешниот фудбалер Влоѓимјеж Смоларек. Името го добил по славниот португалски фудбалер Еузебио.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Смоларек израснал во Холандија, каде неговиот татко играл и работел како тренер. Тој играл во младинските категории на Фејенорд, а во 2000 година го направил своето деби за првиот тим. Со Фејенорд го освоил Купот на УЕФА во сезоната 2001-02 и одиграл 68 првенствени натпревари пред да замине во Борусија Дортмунд во јануари 2005 година. Во првите шест месеци од 2005 година, тој постигнал три гола, додека на крајот на следната сезона (2005-2006) — најдобар стрелец на жолто-црните во Бундеслигата, со 13 гола. Во својата последна сезона со Борусија постигнал 9 гола. Во летото 2007 се преселил во шпанскиот Расинг Сантандер, додека следната година тој бил позајмен на англискиот премиерлигаш Болтон. Тој се врати во Расинг, на 10 август 2009 по што го раскинал договорот со шпанскиот клуб.[1]

По враќањето во Полска, каде одиграл две сезони, имал авантура во Катар со екипата на Ал-Хор една сезона, па се вратил во Холандија каде играл за АДО Ден Хаг.[2] Кариерата ја завршил после една сезона во Јагелонија.

Во својата кариера трипати бил избран за Најдобар фудбалер на годината во Полска и тоа три години по ред во 2005, 2006 и 2007.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Првиот повик во полската репрезентација го добил во 2002 година. Тој ја претставувал Полска на Светското првенство 2006 во Германија, но не успеал да го постигне гол.

Смоларек бил најдобриот стелец на Полска во квалификациите за Европското првенство 2008 постигнувајќи девет гола, еден повеќе од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо. Смоларек постигнал хет-трик против Казахстан во Варшава. Тој ги одиграл сите натпревари за својата репрезентација на Европското првенство во Австрија и Швајцарија, но Полска била елиминирана уште во фазата по групи.

Интересно е тоа што, тој бил првиот полјак кој успеал да постигне гол против Португалија во последните 20 години, а последниот играч од Полска кој и дал гол на Португалија бил неговиот татко. Тој ги постигнал двата гола во победата со 2-1 во квалификациите за ЕП 2008.[3]

На 1 април 2009, Смоларек постигнал четири гола против Сан Марино. Со тоа тој бил прв стрелец во третата квалификациска група и на делба на второто место со Весли Сонк од Белгија на списокот на стрелците во Европската зона од квалификациите за Светско првенство 2010.

Најмногу голови на еден натпревар[уреди | уреди извор]

4. гола[уреди | уреди извор]

3. гола[уреди | уреди извор]


Титули[уреди | уреди извор]

Холандија Фејенорд[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (шпански) Acuerdo entre el Racing y Smolarek para resolucion contractual Архивирано на 15 август 2009 г., realracingclub.com
  2. ADO Den Haag versterkt zich met Ebi Smolarek | ADO Den Haag
  3. „Poland 2–1 Portugal: Smolarek stuns Portugal“. espn.go.com. 7 October 2006. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 15 November 2007.