Еуа
| ʻEua | |
|---|---|
| Географија | |
| Место | Тихи Океан |
| Координати | 21°23′S 174°56′W / 21.383°S 174.933°W |
| Архипелаг | Тонга |
| Вкупно острови | 2 |
| Поголеми острови | 1 |
| Површина | 87,44 км2 |
| Највисоко место | 312 м |
| Највисока точка | Фунга Фонуа |
| Држава | |
Тонга | |
| Вакаут | KVL |
| Најголемо нас. место | Охонуа |
| Демографија | |
| Население | 4,903[1] (2021) |
| Густина | 60,04 /km2 (15.550 /sq mi) |
| Етнички групи | Тонганци |
Еуа (тонгански: ʻEua) е остров во Тонга. Островот се наоѓа во непосредна близина до главниот остров на Тонга, Тонгатапу, но претставува засебна административна единица. Вкупната површина на островот е 87,44 км2 и според податоците од 2021 година имал населние од 4.903 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Еуа е остров во брдест релјеф, каде највисоката точка е Темоа со надморска висина од 312 метри, а по оваа точка е Вајангина со 305 метри надморска висина. Овој остров не е од вулканско потекло, туку е издигнато копно како резултат на тектонски судири на тонганската и тихоокеанската плоча. Поради тоа, островот бил издигнат над водата, а веднаш до островот се наоѓа тонганскиот ров кој има длабина од 7 километри. Горните слоеви на островот се со почва од вулканско потекло, што пак е влијание од околните вулкани, а подолните слоеви на островот се карпи. На островот има голем број пештери и дупки и добар дел од нив не се целосно истражени.
Еуа и Ниуатопутапу се единствените острови во Тонга кои имаат постојани потоци. Пред да се изгради мостот во Вавау, Еуа бил дом на единствениот остров во државата.[2] Потокот се влева во морето во близина на административниот центар на островот - Охонуа. На островот оперира и локален аеродром.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Островот е поделен на два округа:
- Еуа Мотуа („Стара Еуа“), северниот дел од островот, кој опфаќа шест села и население од 2,771 жители.
- Еуа Фоу („Нова Еуа“), јужниот дел, кој опфаќа девет села и население од 2,132 жители.
Деветте села во јужниот округ се всушност доселеници од островот Ниуафоу во 1946. Поради вулканска ерупција, луѓето го напуштиле островот и се доселиле во Еуа и новосоздадените села ги именувале исто како деветте стари села во Ниуафоу. Поради овој факт и округот се именува како „нов“.
Во „стариот“ округ се луѓе од Еуа, освен жителите во селото Коломаиле, кои пак се доселеници од островот Ата од 1893 година. Ата е најјужниот остров на Тонга и кога островот бил мета на трговија со робови, луѓето пребегнале на Еуа.
Југозападно од Еуа се наоѓа островчето Калау.
| Година | Нас. | ±% |
|---|---|---|
| 1976 | 4,486 | — |
| 1986 | 4,393 | −2.1% |
| 1996 | 4,934 | +12.3% |
| 2006 | 5,206 | +5.5% |
| 2011 | 5,016 | −3.6% |
| 2016 | 4,945 | −1.4% |
| 2021 | 4,903 | −0.8% |
| Sources:[1][3][4] | ||
Галерија
[уреди | уреди извор]- Национален парк Еуа
- Кит во близина на Еуа.
- Шума во Еуа
- Црква во Еуа
- Сртови во Еуа
- Местоположба на округот Еуа во Тонга.
- Карта на Еуа
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Tonga's population drops to 100,209“. Matangi Tonga. 24 December 2021. Архивирано од изворникот на 24 December 2021. Посетено на 24 December 2021.
- ↑ Encyclopædia Britannica – Tonga
- ↑ „1996 Tonga Census Administrative Report“. Tonga Department of Statistics. стр. xii. Архивирано од изворникот на 2023-11-23. Посетено на 30 December 2021.
- ↑ „Census“. Tonga Statistics Department. Посетено на 30 December 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- eua-island-tonga.com(Архивирано на 18 јануари 2022 г. 2009-04-18)
21°23′15″S 174°56′02″W / 21.38750°S 174.93389°W