Етјен Ласпејре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ернст Луис Етјен Ласпејре (28 ноември 1834 - 4 август 1913) бил професор по економија и статистика или државни науки или камерализам (јавни финансии и администрација) во Базел, Рига, Дорпат (сега Тарту), Карлсруе и конечно 26 години во Гисен. Ласпејре бил наследник на семејство хугеноти со изворно гасконско потекло кои се населиле во Берлин во 17от век, и тој имал истакнат окситански изговор на неговото име како врска со неговото Гасконско потекло. Ласпејре денеска е главно познат за неговиот развој во 1871 година на методот формула на индексни броеви за утврдување на зголемување на цените, користен закалкулирање на стапката на инфлација. Овој тип на калкулација денес е познат како Ласпејеров Ииндекс. Како резултат на неговите достигнувања во полето на ценовни индекси, Ласпејре може да биде вбројан како еден од татковците на бизнис администрацијата како академска-професионална дисциплина во Германија, и како еден од главните обединувачи на економијата и статистиката со "Развивањето на идеи кои денеска се национално и меѓународно реалност: квантификација и операционализација на економијата; проширување на официјалната статистика; соработка на официјалната статистика и економското истражување и интеграција на економистот и статистичарот во една личност." (Рине, 1983) Во економијата Ласпејре бил до одреден степен претставник на Историската школа и секако на Kathedersozialismus (професорски социјализам).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Книги на Ласпејре

  • Wechselbeziehungen zwischen Volksvermehrung und Höhe des Arbeitslohns, 1860
  • Geschichte der Volkswirtschäftlichen Anschauungen der Niederländer und ihrer Literatur zur Zeit der Republik, 1863
  • Der Einfluß der Wohnung auf die Sittlichkeit, 1869

Статии на Ласпејре

  • “Mitteilungen aus Pieter de la Courts Schriften. Ein Beitrag zur Geschichte der niederländischen Nationalökonomik des 17. Jahrhunderts” in Zeitschrift für die gesamte Staatswissenschaft, 1862
  • “Hamburger Warenpreise 1851-1860 und die kalifornisch-australische Geldentdeckung seit 1848. Ein Beitrag zur Lehre von der Geldentwertung” in Jahrbücher für Nationalökonomie und Statistik, 1884
  • “Die Berechnung einer mittleren Warenpreissteigerung” in Jahrbücher für Nationalökonomie und Statistik, 1871
  • “Welche Waren werden im Verlaufe der Zeiten immer teurer? – Statistische Studien zur Geschichte der Preisen” in Zeitschrift für die gesamte Staatswissenschaft, 1872
  • “Statistische Untersuchungungen über die wirtschaftliche und soziale Lage der sogenannte arbeitenden Klassen” in Concordia Zeitschrift für die Arbeiterfrage, 1875
  • “Die Kathedersocialisten und die statistischen Congresse. Gedanken zur Begründung einer nationalökonomischen Statistik und einer statistischen Nationalökonomie” in Deutsche Zeit- und Streit-Fragen, 1875
  • “Zur wirtschaftlichen Lage der ländlichen Arbeiter im deutschen Reich” in Zeitschrift für die gesamte Staatswissenschaft, 1876
  • “Preise (Die Bewegungen der Warenpreise in der zweiten Hälfte des 19. Jahrhunderts)”, voce nell'enciclopedia Meyers Konversations-Lexikon, 1883
  • “Statistischen Untersuchungen zur Frage der Steuerüberwälzung” in Finanz-Archiv, 1901
  • “Einzelpreise und Durchschnittspreise vegetalischer und animalischer Produkte in Preußen während der 75 Jahre 1821 bis 1895” in Zeitschrift, Prussia, Statistisches Bureau, 1901