Етомидат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Етомидат
Etomidate.svg
(R)-etomidate
Систематско (IUPAC)
Ethyl 3-[(1R)-1-phenylethyl]imidazole-5-carboxylate
Хемиски податоци
ФормулаC14H16N2O2
Моларна маса244.289 g/mol
Физички податоци
Точка на топење67 °C (153 °F)
Точка на вриење392 °C (738 °F)
  (verify)

Етомидат[1] (промовиран како Амидат) e анестетик со кратко дејство кое се внесува преку вена за започнување на општа анестезија и седација[2] при кратки процедури, како што се: лекување (местење) на изместен зглоб, интубирање, кардиоверзија и електроконвулзивна терапија. Анестетикот бил развиен во 1964 година од белгиската фармацевтска компанија „Џансен Фармацеутика“ и во 1972 година (во Европа) и 1983 година (во САД) бил презентиран како реагенс кој се внесува преку вена.[3]

Фармакологија[уреди | уреди извор]

Фармакодинамика[уреди | уреди извор]

(R)-Етомидат е десет пати посилен од неговиот (S)-енантиомер. При ниски концентрации, (R)-Етомидат e регулатор на GABAA[4] рецепторите што содржи β2 и β3 подделови.[5] При високи концентрации, може да предизвика струи во отсуство на GABAA и да се однесува како алостеричен модулатор. Неговата локација на врзување се наоѓа во трансмембранскиот дел на овој рецептор, помеѓу подединиците алфа и бета (αβ+). GABAA рецепторите што содржат β3 се вклучени во анестетичките дејствија на етомидатот, додека рецепторите што содржат β2 се вклучени во некои седации и други дејствија што можат да се добијат од овој лек.[6]

Фармакокинетика[уреди | уреди извор]

При вообичаена доза, анестезијата е предизвикана во рок од 5 до 10 минути, иако полуживотот на метаболизам на овој лек е околу 75 минути, бидејќи етомидатот се прераспределува од плазмата до другите ткива.

  • Почеток на дејство: 30-60 секунди
  • Врвен ефект: 1 минута
  • Траење: 3-5 минути; прекинато при разградување
  • Распределба: Vd: 2–4.5 L/kg
  • Врзување за протеин: 76%
  • Полуживот на респределување: 2.7 минути
  • Полуживот на прераспределување: 29 минути
  • Полуживот на отстранување: 2.9 до 5.3 часа[3]

Метаболизам[уреди | уреди извор]

Етомидат е органско соединение што има голема способност за врзување за протеини во крвната плазма и се метаболизира до неактивни продукти од страна на хепатичката и плазма естераза.

Формулација[уреди | уреди извор]

Етомидатот обично се прикажува како јасен, безбоен раствор за инјектирање што содржи 2 mg/ml етомидат во воден раствор од 35% пропилен гликол, иако била воведена и подготовка на липидна емулзија (со еквивалентна јачина). Етомидат првично бил презентиран како рацемска смеса,[7] но R формата е значително поактивна од неговиот енантиомер.[8] Подоцна бил реформулиран како лек со единствен енантиомер, со што стана првиот општ анестетик во таа класа што се користи клинички.[9]



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. US Patent 3354173 'Imidazole carboxylates'
  2. Vinson DR, Bradbury DR (June 2002). "Etomidate for procedural sedation in emergency medicine". Ann Emerg Med. 39 (6): 592–8.
  3. 3,0 3,1 Bergen, JM; Smith, DC (1998). "A review of etomidate for rapid sequence intubation in the emergency department". J Emerg Med. 15 (2): 221–230.
  4. Vanlersberghe, C; Camu, F (2008). "Etomidate and other non-barbiturates". Handbook of Experimental Pharmacology. 182 (182): 267–82.
  5. Drexler, B; Jurd, R; Rudolph, U; Antkowiak, B (2009). "Distinct actions of etomidate and propofol at beta3-containing gamma-aminobutyric acid type A receptors". Neuropharmacology. 57 (4): 446–55.
  6. Chiara DC, Dostalova Z, Jayakar SS, Zhou X, Miller KW, Cohen JB (2012). „Mapping general anesthetic binding site(s) in human α1β3 γ-aminobutyric acid type A receptors with [³H]TDBzl-etomidate, a photoreactive etomidate analogue“. Biochemistry. 51 (4): 836–47. doi:10.1021/bi201772m. PMC 3274767. PMID 22243422.
  7. International Non-Proprietary Names for Pharmaceutical Preparations – Rec. I.N.N. List 6
  8. Servin, Frédérique S.; Sear, John W. (2011). "Chapter 27. Pharmacokinetics of intravenous anesthetics". In Evers, Alex S.; Maze, Mervyn; Kharasch, Evan D. (eds.). Anesthetic Pharmacology: Basic Principles and Clinical Practice (2nd ed.). Cambridge University Press.
  9. Tomlin, Sarah L.; Jenkins, Andrew; Lieb, William R.; Franks, Nicholas P. (1998). "Stereoselective Effects of Etomidate Optical Isomers on Gamma‐aminobutyric Acid Type A Receptors and Animals". Anesthesiology. 88 (3): 708–717.