Етнографски музеј во Белград
Етнографски музеј | |
Поглед од надвор | |
Основан | 1901 |
---|---|
Место | Студентски трг 13, Белград, Србија |
Координати | 44°49′11″N 20°27′23″E / 44.8198° СГШ; 20.4563° ИГД |
Тип | Етнографски музеј |
Фонд | 51000 |
Директор | Марко Крстиќ |
Мреж. место | etnografskimuzej.rs |
Етнографскиот музеј е културна институција која се наоѓа во Белград, во самиот центар на градот, непосредно покрај Коларичевата задужбина. Етнографскиот музеј претставува еден од најстарите музеи во Србија и е основан во 1901 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Етнографскиот музеј е основан во февруари 1901 година, но неговите корени одат подлабоко во минатото. Собирање на етнографски предмети започнало во средината на 19 век. Во рамки на Народниот музеј на Србија (Србсконародни музеум) уште во 1844 година се наоѓале голем број на етнографски предмети.
Првото значајно систематско собирање направено било поради учеството на Сесловенската изложба, одржана во Москва во 1867 година. И покрај тоа што сите тогаш собрани предмети останале во Москва, таа изложба е важна затоа што во Србија, и воопшто на Балканот, започнало систематско собирање на етнографски предмети и етнолошко проучување на тој простор.
Во рамки на Српското учено друштво во 1872 година даден е конкретен предлог за основање на музејот во кој ќе се чувале етнографски предмети. Таа година Стојан Новаковиќ го изнел Предлогот и нацртот за основање на Српскиот историско-етнографски музеј и оттогаш се работело на формирање на посебен етнографски музеј. Идејата за таков музеј конечно била реализирана во февруари 1901 година. Тогаш од Народниот музеј во посебна зграда, подарок од Стевча Михаиловиќ (трговец од Јагодина), била преселена етнографска збирка и таа година се смета за датум на основање на Етнографскиот музеј. Во првите денови по основањето, Етнографскиот музеј поседувал 909 етнографски предмети, 32 книги, мал број фотографии и многу вреден Албум со акварели и цртежи на народни носии од Никола Арсеновиќ. За прв управител бил поставен Сима Тројановиќ. Тој веднаш започнал обемно собирање на предмети и веќе во 1904 година во фондот на музејот имало околу 8.500 експонати. Собраните предмети биле од подрачјето на целиот Балкански Полуостров и не припаѓале само на традиционалната култура на Србите, туку и на другите етнички групи од тој простор. Етнолошкото истражување и собирањето на предмети на терен започнало веќе во 1902 година.
Првата постојана поставка на Етнографскиот музеј била отворена на 20 септември 1904 година и од тогаш кустосите на музејот постојано собираат етнографски предмети, така што фондот на музејот постојано се зголемува. За време на Првата и Втората светска војна, Етнографскиот музеј остана без голем број на предмети кои биле уништени во воениот виор.
Благодарение на зачувувањето на традиционалниот начин на живот на Балканот, по Првата светска војна се продолжува со пополнување на фондот на музејот, а во 1926 година отпечатена била првата тетратка од Гласникот на Етнографскиот музеј, кој редовно излегува до ден денес. По Втората светска војна започнало систематско етнолошко проучување на етнографските области, направени се голем број на поединечни истражувања, а започнала и работата на систематизирана и научно заснована конзервација на предметите.
Зграда на музејот
[уреди | уреди извор]- Во потрага по простор
Откако повеќе пати ја менувал локацијата:
- куќата на Стевча Михајловиќ, која се наоѓала на аголот од улиците Кнеза Милоша и Бирчанинове,
- зграда на Првата женска гимназија[2] на аголот на Његошева и Кнегиње Зорке (1938)[3] [4] (од 1939 година Природонаучен музеј),
- зграда во Балканска (околу 1943 година)[5] ,
- адаптирана зграда на стража на дворскиот комплекс на Теразије (1945–1948) [6]
Музејот во 1951 година се вселил во зградата на аголот на улицата Студентски трг бр. 13 и Узун Миркова бр. 2
- Зграда на музејот
Зградата во која денес се наоѓа музејот е изградена во текот на 1933 и 1934 година, според проектот на архитектот Александар Ѓорѓевиќ.[7] Градена е за потребите на некогашната Белградска берза, како објект со деловно-станбена намена. По своите архитектонски особини објектот припаѓа на зрел модернистички концепт, додека нагласениот вертикализам носи странски, претежно германски влијанија.[8] Оваа петкатница, која е изградена на истакната положба во рамки на амбиентот на Академскиот парк, во непосредна близина на високообразовните зданија (зградата на Големата школа (српски јазик: Велике школе) - денес Ректоратот на Белградскиот универзитет[9], зграда на Новиот универзитет- денес Филолошки факултет), установа на културата (зграда на Коларчевиот народен универзитет)[10] и градските административни објекти (зграда на Белградската општина - денес Југословенска кинотека[11], градска полиција), веднаш по нејзината изградба била препознаена како дело од исклучителна вредност, денес валоризирано како значаен дел од корпусот на арт деко архитектурата во Србија.[12] За време на изградбата во непосредна близина е утврдено постоење на римски водовод.[13]
Берзата се вселила во ноември 1934 година: Ефективна на приземјето, Производна на катот, потоа фирмата „Филипс“ на вториот кат и станови од трети до петти.[14] Првиот состанок бил на 5 ноември.[15] Зградата била осветена на 19 мај 1935 година.[16] Првичната намена на берзата објектот ја имал до почетокот на Втората светска војна, а со завршување на војната еден дел од објектот бил пренаменет.
На почетокот на педесеттите години на 20 век, дел од подрумот, приземјето, мезанинот, првиот и вториот кат од оваа градбабиле отстапени на Етнографскиот музеј. Во периодот од 1951 до 1954 година била изведена адаптација на овој дел од зградата поради потребата да се сместат музејските збирки и фондовите и да се организираат изложбени активности.
Со следната адаптација спровена во периодот од 1983-1984 година зградата речиси во целост, на сите пет ката била прилагодена на функцијата на музејот. Адаптациите на објектот првенствено се однесувале на прилагодувањето на ентериерот кон новата функција, додека во потполност била сочувана автентичноста на фасадата и монументалните влезни партии.
- Споменик на културата
Со мудра одлука на Министерството за култура на Србија во една зграда, која во 1984 година била прогласена за споменик на културата, бидејќи имала архитектонско-урбанистички и културно-историски вредности, се нашол и Етнографскиот музеј како институција на културата која наследува богато етнографско наследство од просторот на Србија и делови од Балканскиот Полуостров, станала составен дел на недвижното и подвижното материјално, но и нематеријално културно наследство на Србија.
Збирки
[уреди | уреди извор]Музејот во својот изложбен простор повремено изложува или во депоата чува збирки кои се сместени во:
- Збирки на предмети од 18, 19 и 20 век
- Стари и ретки книги,
- (Carol Popp de Szathmáry)Стари фотографии,
- Три големи албуми со акварели на Никола Арсеновиќ, кој сликал народни носии од 1840 до 1870 година,
- Дела на Владислав Тителбах, Карол Поп де Сатмарија (Carol Popp de Szathmáry), Ѓока Миловановиќ и неколку сликари етнографи (Никола Зега, Драгутин Инкиостри, Олга Бенсон...).
Во збирките меѓу 200.000 музеалии се наоѓаат и околу 50.000 етнографски.
Музејот денес
[уреди | уреди извор]Во Етнографскиот музеј до денес се отворени осум постојани поставки и се приредени околу 300 повремени изложби. Постојаната поставка зафаќа три нивоа од зградата. Денес во Етнографскиот музеј се чуваат голем број етнографски предмети, распоредени во посебни збирки (покуќнина, накит, обичаи, народни носии, народна архитектура, стопанство, сточарство, сообраќај, култни предмети и др.), ја има и една од најбогатите стручни библиотеки на Балканот и самиот издава стручни публикации, има конзерваторска служба која обработува речиси секакви бидови на материјали, располага со голем изложбен простор, организира обемни етнографски истражувања и има многу волја и знаења за етнолошки и антрополошки проучување на 19 век.
Во Етнографскиот музеј на 7 јуни 2013 година бил претставен список на нематеријалното културно наследство на Република Србија, кој се состоел од 27 елементи.[17]
На Денот на Етнографскиот музеј 20 септември се доделува наградата „Боривоје Дробњаковиќ“ за животно дело.[18]
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Нинослав Станојловић, проф.историје Јагодина, ТЕСТАМЕНТ СТЕФАНА – СТЕВЧЕ МИХАЈЛОВИЋА
- ↑ "Политика", 12. јул 1938
- ↑ "Време", 2. авг. 1939
- ↑ "Време", 24. дец. 1940
- ↑ "Коло", 31. јул 1943
- ↑ Завод за заштиту споменика културе града Београда, досије споменика културе Етнографски музеј; З.М., „Етнографски музеј у Београду“, ГМГБ 1, 1954, 316–321.
- ↑ Завод за заштиту споменика културе града Београда, часопис Наслеђе, Милан Просен, Градитељски опус архитекте Александра Ђорђевића (1890—1952) http://beogradskonasledje.rs/wp-content/uploads/2012/09/7/9_milan_prosen.pdf приступљено 30.01.2017.
- ↑ Завод за заштиту споменика културе града Београда/Етнографски музеј
- ↑ http://beogradskonasledje.rs/kd/zavod/stari_grad/kapetan_misino_zdanje.html приступљено 30.01.2017.
- ↑ http://beogradskonasledje.rs/kd/zavod/stari_grad/zgrada_kolarcevog_narodnog_univerziteta.html приступљено 30.01.2017.
- ↑ http://beogradskonasledje.rs/kd/zavod/stari_grad/zgrada_beogradske_opstine.html приступљено 30.01.2017.
- ↑ Милан Просен, Ар деко у Србији, рукопис докторске дисертације одбрањене на Одељењу за историју уметности Филозофског факултета Универзитета у Београду 2014. године, 335-336.
- ↑ "Политика", 29. авг. 1935, стр. 8
- ↑ "Политика", 24. септ. 1934
- ↑ "Време", 6. нов. 1934
- ↑ "Политика", 20. мај 1935
- ↑ Српско нематеријално наслеђе чине... (Б92, 7. јун 2013)
- ↑ Дан Етнографског музеја („Политика”, 20. септембар 2018)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Етнографски музеј Белград (језик: српски)
- Радио и телевизија на Република Српска: Белград: Отворен Центар за нематеријално културно наследство, 20 јуни 2012 година (језик: српски)
- Печено прасе во Етнографскиот музеј („Вечерни вести“, 13.10.2013 г.
- Републички завод за заштита на спомениците на културата - Белград
- Републички завод за заштита на спомениците на културата-Белград/База на недвижни културни добра
- Список на споменици
- Етнографски музеј: Ја губиш трагата на експонатите („Вечерње новости“, 12 јули 2018 година)
- Етнографски музеј во Белград („Политика“, 23-26 април 1938 г.)