Етнички македонски знамиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Sun of Vergina.svg Macedonian golden lion.svg

Етничкото македонско знаме е термин кој се користи да се означат двете македонски етнички знамиња кои се користи од Македонците во Македонија и насекаде низ светот. Етничките македонски знамиња се знамето со Ѕвездата од Кутлеш и знамето со златниот македонски лав.

Ѕвездата од Кутлеш[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ѕвездата од Кутлеш.
Етничко македонско знаме со Ѕвездата од Кутлеш.

Знамето е составено од црвена позадина каде во центарот има златно сонце со шестнаесет краци. Македонската народна партија е прва македонска национална партија формирана во Република Македонија во 1990 година и прва партија што како свој симбол го истакна македонското шеснаесетзрачно златно сонце и како партија се залагаше тој симбол да биде и официјално знаме на Република Македонија. Денес ова знаме за свој официјален симбол го користи македонската национална организација и партија од Пиринска Македонија - ОМО "Илинден" - ПИРИН.

Со независноста и новиот устав од 1991, се појави и прашањето на државните симболи. Државната химна остана истата. Се донесе ново знаме. Златно сонце на црвено поле, често пати именувано како ѕвездата од Кутлеш (или сонцето од Кутлеш). Поради спорот со Република Грција, во 1995 година, тоа беше заменето со друго, истотака преставувајќи Златно сонце на црвена основа. Денес ова знаме е знаме на македонската националност и го користат македонските заедници и организации во Македонија, соседните држави и странство.

Во 1977 година, во Кутлеш, после археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос, бил откриен гроб за кој се претпоставува дека е од таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски. На истото место бил пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како Ѕвездата од Кутлеш. Инаку, овој симбол (ваков приказ на сонце) може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети, штитови, мозаици итн. Покрај во повеќе манастири во Охридско, ваков приказ на сонце со 16 и 8 зраци постоеле изработени во бел мермер на подот и во резба на иконостасот на црквата „Света Богородица“ која денес е во фаза на возобновување. Ваков приказ на сонце е пронајден и на повеќе македонски воени штитови од антиката, а во најновопронајдените воени штитови кај с. Бонче (Прилепско) е забележано ваков приказ на сонце со 12 зраци. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Општина Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница која претставува над 98% од населението.

Златен лав[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонски златен лав.
Етничко македонско знаме со златен лав.

Македонскиот лав, како и македонската Ѕвезда од Кутлеш, е уште еден симбол на македонскиот народ, култура и традиција, популарно наречен лавче. Заедно со Ѕвездата се едни од најстарите симболи во Европа што денес сѐ уште се користат. На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови.

Денес, лавот заедно со Ѕвездата се користат како симболи на Македонците. Поголем број на политички партии во Република Македонија го користат лавот како главен елемент во грбовите на своите партии. Исто така поголем број на невладини организации или граѓански здруженија го користат лавот како симбол. Ѕвездата од Кутлеш и македонскиот лав се длабоко навлезени во срцевината на македонштината и се неделлив елемент од македонската историја, култура и идентитет.


Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]