Етгар Керет
Етгар Керет (хебрејски: אתגר קרת; Рамат Ган, 20 август 1967) – израелски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]творештво
[уреди | уреди извор]Керет е еден од најпознатите и најоригинални современи автори на кратката проза. Неговите дела се преведени на повеќе од 30 јазици и претставуваат бестселери во повеќе земји. Интересно, неговите книги најмногу се крадат по книжарниците и, истовремено, тие се најчитаните книги во затворите. Исто така, тој е единствениот израелски писател чии книги се објавени во Палестина. Најчестопишува кратки раскази, а по нив се снимени околу 50 филмови. Тој е познат и како телевизиски и филмски сценарист, а филмот „Медуза“ кој го режирал заедно со сопругата Шира Гефен, ја освоил наградата „Златна камера“ на Канскиот фестивал во 2007 година.[1] Парадоксален како Кафка, ироничен како Вонегат, смешен како Вуди Ален, но сепак автентичен, урнебесен и необичен. Во неговите кратки раскази обичните, секојдневни ситуации претставуваат сложен и опасен свет, но и свет преполн со копнежи.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]
.