Прејди на содржината

Ета Џејмс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ета Џејмс
James performing in France in July 1990
Животописни податоци
Родено имеЏејмсета Хокинс
Роден(а)25 јануари 1938(1938-01-25)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Починал(а)20 јануари 2012(2012-01-20) (возр. 73)
Риверсајд, Калифорнија, САД
Жанрови
ЗанимањаПејачка, текстописец
Период на активност1954–2011
Издавачи

Џејмсета Хокинс (англиски: Jamesetta Hawkins; 25 јануари 1938 - 20 јануари 2012 година), професионално позната како Ета Џејмс, (англиски: Etta James) ― американска пејачка и текстописец која во текот на кариерата изведувала песни од најразлични жанрови, вклучувајќи госпел, блуз, џез, R&B, рокенрол и соул. Кариерата ја започнала во 1954 година, а популарност стекнала со хитовите: „The Wallflower“, „At Last“, „Tell Mama“, „Something's Got a Hold on Me“ и „I'd Rather да слепам“.[1] Во текот на 1970-тите и 1980-тите се соочила со многу лични проблеми, вклучително: зависност од хероин, тешко физичко малтретирање и затворање, но успеала да се врати на музичката сцена во доцните 1980-ти со албумот Seven Year Itch.[2]

Ета Џејмс се смета за заслужна за премостување на јазот помеѓу ритам и блузот и рокенрол-музиката. Освоила три Греми награди и 17 блуз музички награди. Во 1993 година била примена во Куќата на славните на рокенролот, во 1999 година во Гремиевата куќа на славата и во 2001 година во Куќата на славните на блузот. Исто така, во 2003 година добила Греми за животно дело.[3] Списанието Rolling Stone ја ставило Ета Џејмс на 22-ро место на нивниот список од 100 најдобри пејачи на сите времиња; исто така била рангирана на 62-ро место на списокот од 100 најдобри музичари на сите времиња.[4][5] Ета Џејмс се наоѓа и на Билбордовиот список од 2015 година за „35 најдобри ритам и блуз музичари на сите времиња“.[6]

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

1938–1959: Детство и почетоци во кариерата

[уреди | уреди извор]

Џејмсета Хокинс е родена на 25 јануари 1938 година во Лос Анџелес. Нејзината мајка, Дороти Хокинс, ја родила на 14 годишна возраст, а идентитетот на нејзиниот татко останал непознат.[7] Џејмс била одгледана од роднини и пријатели, а додека се грижела за нејзините баба и дедо, почнала редовно да посетува баптистичка црква.[8] Првите часови по пеење ги добила на петгодишна возраст од Џејмс Ерл Хајнс, музички директор на хорот „Echoes of Eden“ во баптистичката црква Свети Павле во Лос Анџелес. Во 1950 година со нејзината биолошка мајка се преселила во Сан Франциско.[9]

Во 1952 година го основала триото „Креолети“ и се запознала музичарот Џони Отис. Отис ја зел групата Креолети под своја закрила и им помогнал да потпишат договор со Modern Records; тогаш групата го сменила името во Peaches.[10] Исто така, Отис ѝ го дал уметничкото име на Џејмс, заменувајќи ги слоговите од нејзиното име „Џемсета“ во „Ета Џејмс“. Наскоро следеле нивните први снимки заедно со „The Otis“. Песната „The Wallflower“, која била одговор на песната од Хенк Балард „Work with Me, Annie“, била објавена на почетокот од 1955 година. Оригиналниот наслов на песната всушност бил „Roll with Me, Henry“, но бил променет за да се избегне цензура во тоа време (Roll имплицирало на сексуална активност). Во февруари 1955 година, песната се искачила на прво место на топ-листата Hot Rhythm & Blues Tracks.[11] По успехот со песната, Peaches добиле шанса да станат предгрупа на националната турнеја од Литл Ричард.

Џејмс пеела во групата позната под името Etta James & the Peaches до 1960 година, по што ги напуштила The Peaches и склучила договор со Chess Records и станала една од првите ѕвезди на издавачката куќа.[3] Отприлика во тоа време, започнала врска со пејачот Харви Фуква, основач на доу-воп групата Moonglows.

1960–1978: Член на Chess Records и Warner Bros.

[уреди | уреди извор]

Нејзиниот прв албум, At Last!, бил издаден кон крајот на 1960 година и жанровски содржел различни музички стилови, од џез стандарди преку блуз и доу-воп до ритам и блуз.[12] Албумот ги содржел идните класици: „I Just Want to Make Love to You“ и „A Sunday Kind of Love“. На почетокот од 1961 година, Џејмс ја издала песната „At Last“; мелодијата била од Глен Милер, а песната станала една од нејзините најпопуларни песни. Подоцна истата година (1960), Џејмс го издала вториот студиски албум, The Second Time Around. Албумот содржел два хит-сингла, „Fool That I Am“ и „Don't Cry Baby“.[13]

Во 1963 година, Ета Џејмс имала уште еден голем хит со песната „Pushover“ и го издала албумот во живо Etta James Rocks the House, снимен во клубот New Era во Нешвил.[14] Кариерата на Џејмс почнала да да се движи по надолна линија по 1965 година. По период на отсуство од музичката сцена, во 1967 година го издала хит-синглот „Tell Mama“, а истата година бил издаден и албум под истото име кој ја содржел преработката на песната „Security“ од Отис Рединг.[15] На Б-страната од „Tell Mama“ била „I'd Rather Go Blind“, која станала блуз-класика и била снимена од многу други музичари.

По овој успех, Џејмс станала баран концертен изведувач, иако таа не успеала да ја постигне славата од нејзиниот најуспешен период, од почетокот до средината на 1960-тите. Нејзините плочи и понатаму се пласирале меѓу најдобрите 40 на R&B топ-листите во раните 1970-ти. Џејмс се впуштила во рок и фанк-музиката со објавувањето на нејзиниот истоимениот албум во 1973 година, со продукција на познатиот рок продуцент Габриел Меклер, кој работел со Steppenwolf и Џенис Џоплин. Албумот на Џејмс од 1973 година, кој бил мешавина на музички стилови, бил номиниран за наградата Греми.[15]

Џејмс продолжила да снима за Chess (тогаш веќе во сопственост на All Platinum Records), издавајќи уште еден албум во 1976 година, Etta Is Betta Than Evvah! Нејзиниот албум од 1978 година Deep in the Night, продуциран од Џери Векслер за Warner Bros., вклучил повеќе рок-музика во нејзиниот репертоар.[14] Истата година, Џејмс била воведен изведувач на турнејата од Ролинг Стоунс и настапила на џез-фестивалот во Монтре. Сепак, по овој краток успех, таа ја напуштила Chess Records и следните десет години не објавувала песни додека се борела со зависност од дрога и алкохолизам.

1982–1998: Враќање на музичката сцена

[уреди | уреди извор]
Џејмс на настап во 2000 година

Иако не снимала нови песни, во првата половина од 1980-тите Џејмс сè уште јавно настапувала, вклучувајќи ги и двете гостувања на концертите од Grateful Dead во декември 1982 година.[16] Била гостин на концертот по повод обединувањето на John Mayall & the Bluesbreakers во 1982 година во Њу Џерси. Во 1984 година, стапила во контакт со Дејвид Волпер и го замолила да настапи на церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри во 1984 година, каде ја испала песната „When the Saints Go Marching In“.[17] Во 1987 година, за документарниот филм Здраво! Здраво! Рокенрол, заедно со Чак Бери ја извела песната „Rock and Roll Music“.[18]

Во 1989 година, Џејмс потпишала договор со Island Records и со нив ги издала албумите Seven Year Itch и Stickin' to My Guns.[15]

Во 1992 година, го снимила албумот The Right Time, продуциран од Џери Векслер за Elektra Records. Во 1993 година била примена во Куќата на славните на рокенролот.[11][19]

Џејмс потпишала договор со Private Music Records во 1993 година и го снимила албумот Mystery Lady: Songs of Billie Holiday, кој бил омаж за Били Холидеј. За албумот, во 1994 година, Џејмс ја добила нејзината прва Греми награда, за најдобра џез вокална изведба од пејачка. Во 1995 година, била објавена нејзината автобиографија, Rage to Survive, напишана заедно со Дејвид Риц. Исто така во 1995 година, го снимила албумот Time After Time. Божиќниот албум, 12 Songs of Christmas, бил издаден во 1998 година.[14]

Во 1998 година, со издавањето на Life, Love & the Blues, Џејмс ги додала нејзините синови, Донто и Самето, како помошни музичари на тапани и бас, соодветно.[20] Тие биле дел од нејзината група за турнеја. Во 2000 година го издала блуз-албумот Matriarch of the Blues, со кој се вратила на нејзините ритам и блуз корени.

2001–2011: Подоцнежни години

[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, Ета Џејмс била примена во Куќата на славните на блузот и во Куќата на славата на рокабили-музиката. Во 2003 година, добила Греми награда за животно дело. Нејзиниот албум од 2005 година, Let's Roll, освоил Греми за најдобар современ блуз-албум.[21]

Во 2004 година, списанието Ролинг Стоун ја ставило на 62-ро место на списокот од „100 најдобри музичари на сите времиња“.[22]

Во 2008 година, пејачката Бијонсе ја глумела Ета Џејмс во филмот Cadillac Records, приказна за Chess Records, издавачка куќа во која Џејмс членувала 18 години, за тоа како основачот и продуцент од куќата Леонард Чес им помогнал во кариерите на Џејмс и други музичари.[23]

Во април 2009 година, на 71-годишна возраст, Џејмс за последен пат се појавила на телевизија, изведувајќи ја „At Last“ во емисијата Танц со ѕвездите. Во мај 2009 година, таа по деветти пат ја добила наградата „Соул/блуз пејачка на годината“ од Блуз фондацијата. Во 2010 година морала да ги откаже закажаните концерти поради нарушено здравје; веќе боледувала од деменција и леукемија. Во ноември 2011 година, Џејмс го издала нејзиниот последен албум, The Dreamer. По објавувањето рекла дека се повлекува од музиката.[24]

Болест и смрт

[уреди | уреди извор]

Џејмс била хоспитализирана во јануари 2010 година за да ја лекува инфекцијата предизвикана од МРСА, бактерија отпорна на многу антибиотици. За време на хоспитализацијата, нејзиниот син Донто ѝ открил на јавноста дека во 2008 година ѝ била дијагностицирана Алцхајмерова болест.[25]

На почетокот од 2011 година на Џејмс ѝ била дијагностицирана леукемија. Болеста станала неизлечива.[26] Ета Џејмс починала на 20 јануари 2012 година, на 73-годишна возраст, во Риверсајд, Калифорнија.[27][28] Починала три дена по смртта на Џони Отис, човекот кој ја открил во 1950-тите.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми  

  • At Last! (1960)
  • The Second Time Around (1961)
  • Etta James (1962)
  • Etta James Sings for Lovers (1962)
  • Etta James Top Ten (1963)
  • The Queen of Soul (1965)
  • Call My Name (1966)
  • Tell Mama (1968)
  • Etta James Sings Funk (1970)
  • Losers Weepers (1971)
  • Etta James (1973)
  • Come a Little Closer (1974)
  • Etta Is Betta Than Evvah! (1976)
  • Deep in the Night (1978)
  • Changes (1980)
  • Seven Year Itch (1988)
  • Stickin' to My Guns (1990)
  • The Right Time (1992)
  • Mystery Lady: Songs of Billie Holiday (1994)
  • Time After Time (1995)
  • Love's Been Rough on Me (1997)
  • Life, Love & the Blues (1998)
  • Heart of a Woman (1999)
  • Matriarch of the Blues (2000)
  • Blue Gardenia (2001)
  • Let's Roll (2003)
  • Blues to the Bone (2004)
  • All the Way (2006)
  • The Dreamer (2011)
  1. James, Etta; Ritz, David (2003). Rage to Survive: The Etta James Story. Da Capo Press. стр. 173. ISBN 9780306812620. Посетено на May 21, 2011.
  2. Sonneborn, Liz (2002). A to Z of American Women in the Performing Arts. Infobase Publishing. стр. 116. ISBN 9781438107905. Архивирано од изворникот на May 11, 2021. Посетено на May 22, 2011.
  3. 3,0 3,1 „Etta James | American singer | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Архивирано од изворникот на March 31, 2022. Посетено на 2022-03-31.
  4. Празен навод (help)
  5. Празен навод (help)
  6. Празен навод (help)
  7. Gulla, Bob (2008). Icons of R&B and Soul. ABC-CLIO. стр. 149. ISBN 9780313340451. Архивирано од изворникот на December 18, 2021. Посетено на May 21, 2011.
  8. „About Etta James“. Etta James Official. Архивирано од изворникот на February 4, 2023.
  9. James, Etta; Ritz, David (2003). Rage to Survive. Hachette Books. стр. 31. ISBN 9780306812620. Посетено на May 21, 2011. your mother has passed etta james.
  10. „Etta James | Biography & History“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 17, 2018. Посетено на June 17, 2018.
  11. 11,0 11,1 „Etta James – inductee“. Rock & Roll Hall of Fame. Архивирано од изворникот на November 23, 2006. Посетено на December 5, 2006.
  12. Cook, Stephen. „Etta Hames, At Last!: Review“. Allmusic.com. Архивирано од изворникот на August 17, 2022. Посетено на December 5, 2008.
  13. Unterberger, Richie. „Etta James, The Second Time Around: Review“. Allmusic.com. Архивирано од изворникот на August 17, 2022. Посетено на December 5, 2008.
  14. 14,0 14,1 14,2 Dahl, Bill. „Etta James: Biography“. Allmusic.com. Посетено на December 5, 2008.
  15. 15,0 15,1 15,2 Larkin, Collin. Etta James Biography. oldies.com. Архивирано од изворникот на August 30, 2008. Посетено на December 5, 2008.
  16. „Happy Birthday Etta James: Grateful Dead Sit-In On New Year's 1982“. JamBase. January 25, 2016. Архивирано од изворникот на July 3, 2020. Посетено на July 1, 2020.
  17. „Los Angeles 1984 Olympic Opening Ceremony Complete“. YouTube. September 6, 2014. Архивирано од изворникот на 2023-02-23. Посетено на September 7, 2015.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. Празен навод (help)
  19. „Etta James | Rock & Roll Hall of Fame“. www.rockhall.com. Архивирано од изворникот на October 3, 2021. Посетено на 2022-03-31.
  20. Life, Love & the Blues, Etta James“. All Music Guide. Архивирано од изворникот на May 6, 2016. Посетено на June 1, 2016.
  21. „Etta James Awards“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на April 11, 2008. Посетено на December 5, 2008.
  22. „The Immortals, the First Fifty“. Rolling Stone. том 946. Архивирано од изворникот на March 16, 2006.
  23. Rodriguez, Jayson (February 20, 2008). „Beyonce to Portray Legendary Blues Singer Etta James in 'Cadillac Records'. MTV.com. Архивирано од изворникот на May 17, 2015. Посетено на December 5, 2008.
  24. Lewis, Randy (November 7, 2011). „Album review: Etta James' 'The Dreamer'. Los Angeles Times. Посетено на December 13, 2023.
  25. „Hospitalized Etta James Battling Alzheimer's, Infection, Son Says“. CNN. January 30, 2010. Архивирано од изворникот на January 13, 2014. Посетено на January 31, 2010.
  26. Cuevas, Steven (December 20, 2011). „Etta James' estate settled in wake of terminally ill diagnosis“. Southern California Public Radio. Архивирано од изворникот на July 31, 2020. Посетено на May 18, 2020.
  27. Keepnews, Peter (January 21, 2012). „Etta James Dies at 73; Voice Behind 'At Last'. The New York Times. стр. D8. Посетено на December 13, 2023.
  28. Leopold, Todd (January 20, 2012). „Singing Legend Etta James Dies at 73“. CNN. Архивирано од изворникот на January 21, 2012. Посетено на January 20, 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]