Есмералда (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Есмералда
Жанрдрама, теленовела
Создадена одДелија Фиало
УлогиЛетисија Калдерон
Фернандо Колунга
Нора Салинас
Шантал Андер
Марта Хулија
Воведна тема"Esmeralda" - Javier Rodriguez
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди137
Производство
Извршен продуцент(и)Салвадор Мехија Алехандро
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/esmeralda

Есмералда е една од најпопуларните мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно преикажувана во Мексико во 1997 година. Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 1999 година. Серијата во Мексико доби наградата за најдобра теленовела на годината.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Една врнежива ноќ се родени две бебиња, секое од нив ги чека прегратката од својата фамилија. Но, опсесивната желба за машки наследник, ќе ги натера Доминга и Крисанта, две бабици, да ги заменат новороденчињата. Момчето е родено во мала куќа, но првпат заплакал во огромна вила, додека девојчето кое се лулало во сребрена колевка, своите први чекори ги направила по шумските стази. Цената на молкот за оваа страшна тајна се двете смарагдни обетки, и девојчето е наречено по нив, Есмералда. Родена е слепа, но добрината во нејзиното срце и дава доволно светлина во нејзиниот живот. Многу години подоцна, Есмералда и Хосе Армандо се запознаваат и се заљубуваат еден во друг. Но, тајната од нивното минато, наскоро ќе излезе на виделина.

главна глумица во филмот е Есмералда-Летисија Калдерон

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Летисија Калдерон Есмералда
Фернандо Колунга Хосе Армандо Пењареал де Веласко
Енрике Лизалде Дон. Родолфо Пењареал
Лаура Запата Фатима Линарес де Пењареал
Салвадро Пинеда Дон. Луицо Малавер
Игнасио Лопес Тарсо Мелесио
Густаво Рохо Д-р Бернардо Перес Монталво
Нора Салинас Грациела Пењареал Линарес

Надворешни врски[уреди | уреди извор]