Ер (езеро)

Координати: 28°22′00″S 137°22′00″E / 28.36667° ЈГШ; 137.36667° ИГД / -28.36667; 137.36667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ер
Поглед кон езерото од вселената
Подрачјесеверен дел на Јужна Австралија
Координати28°22′00″S 137°22′00″E / 28.36667° ЈГШ; 137.36667° ИГД / -28.36667; 137.36667
Главни истецииспарување
Сливни земјиАвстралија
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
9,500 km2 (3,668 ми) (мак) км2
Прос. длабочина1.5 м (5 ст) (секои 3 години), 4 м (13 ст) (секоја декада) м
Надм. височина−15 м (−49 ст) м

Езерото Ер (англиски: Lake Eyre, на јазикот на домородците: Kati-tanda) е, во ретки случаи кога е полно, најголемо езеро во Австралија (и државата и континентот). Се наоѓа на околу 15 метри под нивото на морето[1][2] и по тоа е најниска точка во Австралија. Максималната површина на езерото изнесува 9.500 -{км2}-. Ова солено еезеро се наоѓа во центарот на басенот на езерото Ер.

Името езерото го добило по британскиот истражувач Едвард Џон Ер, кој го открил езерото во 1840 година.[3]

Езерото Ер се наоѓа во сушната област во централна Австралија, на северот од сојузната држава Јужна Австралија. Тоа е најнискиот дел од солените пустински рамнини. Во најсушните периоди езерото испарува и се дели на два дела (Северно и Јужно Езеро Ер, кои се поврзани со канали). Во текот на дождовните сезони реките носат вода од северозападот на областите Аутбек и Квинсленд. Количината на монсунските врнежи ја одредува длабочината на езерото. Еднаш на секои три години езерото достигнува длабочина од 1,5 метри, а еднаш во една деценија длабочината достигнува до 4 метри. Секои 25 години езерото потполно се полни, додека веќе наредното лето, поголемиот дел од водата испрува.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rare Filling of Kati Thanda-Lake Eyre“. earthobservatory.nasa.gov (англиски). 2019-05-28. Посетено на 2022-01-30.
  2. „Kati Thanda-Lake Eyre National Park“. National Parks and Wildlife Service South Australia (англиски). Посетено на 2022-01-30.
  3. „1 May 1839 Edward John Eyre (Celebrating South Australia)“. www.sahistorians.org.au. Архивирано од изворникот на 2020-10-12. Посетено на 2022-01-30.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]