Ерусалимско кралство

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ерусалимско кралство
Regnum Hierosolimitanum
Roiaume de Jherusalem

1099–1291
Знаме Грб
The kingdom of Jerusalem and the other Crusader states (in shades of green) in the context of the Near East in 1135.
Главен град Ерусалим (1099-1187)
Тир (1187-1191)
Акра (1191-1229)
Ерусалим (1229-1244)
Акра (1244-1291)
Вероисповед Римокатоличка црква, Грчка православна црква, Сириска православна црква, Ислам, Јудаизам
Уредување Монархија [[Категорија:Поранешни монархии|Ерусалим, 1099]]
Кралство
 -  1100-1118 Годфрид Бујонски
 -  1118-1131 Болдвин II
 -  1131-1152 Мелесенд Ерусалимски
- with Fulk 1131-1143
 -  1143-1152-1162 Болдвин III
 -  1162-1174 Aмалрик I
 -  1285-1291 Хенри II
Законодавство Haute Cour
Историја
 -  Прва крстоносна војна 1099
 -  Втора крстоносна војна 1145
 -  Опсада на Ерусалим 1187
 -  Трета крстоносна војна 1189
 -  Договор од Рамла 1191
 -  Capture of Acre 1291

Ерусалимското кралство е христијанска држава, која била создадена по завземањето на Ерусалим во текот на првата крстоносна војна во 1099 година од страна на крстоносците.

Прв владетел на кралството е Годфрид Бујонски. Најпрвин, кога било создадено кралството, тоа било малку повеќе од слободна колекција од градови кои беа завземени по време на крстоносната војна. Неговиот прв крал Готфрид воопшто себе си не се нарекувал крал. Со создавањето на Ерусалимското кралство, тоа било една од највлијателните теми по тоа време а и најмногу се размислувало за тоа дали кралството ќе прерасне во светско како другите кралства или пак ќе остане под теократичната власт на папата и Ватикан. Кралството со текот на времето започнало да се развива како и останатите монархии од западна Европа со кои имаше блиски врски. Тоа кралство всушност ја наследувало политичката врска и моќ на западна Европа. Тоа не би можело никогаш да се рамни со некое друго кралство ни по големина, ни по моќ ни по богатство бидејќи се тоа беше подржувано од страна на Европа чии сили беа утврдени во кралството. Најголема врска кралството имало со византиската империја. Крстоносците исто така оформуваат и три независни држави- графствата Триполи и Едеса како и Антиохија.

Во почетокот, припадниците на муслиманската вера нмале некоја голема грижа за постоење на такво царство. Но колку се ближеше крајот на 11 и почетокот на 12 век, желбата за муслиманско обединување се повеќе и повеќе се зголемувало. Така со започнувањето на крстоносните војни, градот бил повеќе пати предаван во нечија контрола. Ерусалим за крстоносците бил изгубен во 1187 година од страна на Саладин и кралството до 13 век било намалено неговото владеење. Кралството било разрушено во 1291 година.