Ернесто Бертарели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ернесто Бертарели
Роден(а)Ернесто Бертарели
22 септември 1965(1965-09-22)(58 г.)
Рим, Италија
НационалностШвајцарија
Познат(а) поСероно
Фондација Бертарели
Богатство8,5 милијарди американски долари (јуни 2018)[1] 13,5 милијарди швајцарски франци[2]
СопружникКристи Ропер (в. 2000)
Деца3

Ернесто Бертарели (роден на 22 септември 1965 година) е Италијанец роден во Швајцарија, милијардер, стопанственик и филантроп. Во изданието на Сандеј Тајмс на листата за најбогати во 2017 година семејното богатство било проценето на 11.5 милијарди.[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во Рим, а неговото семејство се пресели во Швајцарија во 1977 година. Тој дипломирал на Бабсон колеџ во 1989 година, а заработил МБА на бизнис школото во Харвард во 1993 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Поранешниот штаб на Мерк Сероно во Женева, кој сега е домаќин на Биотехнолошкиот кампус.

Неговиот дедо Пиетро се придружил на фармацевстката компанија Сероно основана во 1906 година. Во 1935 тој станал извршен директор на компанијата, позиција која што подоцна ја наследил неговиот син, Фабио Бертарели во 1965 година. Бертарели станал генерален директор во 1996 година и после смртта на неговиот татко заедно со својата сестра Дона го наследуваат сиот имот во 1998 година. Ја смениле позицијата на компанијата од фармацевстка во биотехнологија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Forbes profile: Ernesto Bertarelli“. Forbes. Посетено на 23 June 2018.
  2. „Übersicht der 300 Reichsten 2017“. Bilanz. Архивирано од изворникот на 2018-09-04. Посетено на 2018-10-17.
  3. „Forbes profile: Ernesto Bertarelli“. Forbes. Посетено на 23 June 2018.