Ернандо де Сото
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ернандо де Сото (Шаблон:Јаз-ес, Херез де лос Кабаљерос, Бадахоз 1496 или 1500 — 21 мај 1542, Мисисипи (река) во Арканзас)[1] бил шпански морепловец, истражувач и конкистадор. Имал значајна улога во освајувањето на Панама, Никарагва и Перу заедно со Франциско Пизаро. Неговиот најголем подфат е експедицијата во Северна Америка, денешните САД,[2] каде отишол во потрага по Елдорадо. Родителите на Де Сото биле припадници на пониско племство од Екстремадур, сиромашна област од која младите луѓе си заминувале за да стекнат богаство некаде на друго место. После откривањето на нови земји на запад, гласините за нејзиниот сјај и богаство биле премногу примамливи. Де Сото испловил во Новиот свет 1514 година со првиот гувернер на Панама Педро Аријас де Авила. Неговата храброст, непоколебливата посветеност и лукавите планови за уценување на домородните села за откуп на заробените поглавици станале де Сотовите обележја во текот на покорувањето на Средна Америка. Исто така стекнал слава и како одличен коњаник, војник и командант, но запаметен е и по својата извонредна бруталност.
Младост[уреди | уреди извор]
Точен датум на раѓањето на Ернанд де Сото не е познат. Тој 1535 година зборувал дека имал околу 35 години, а 1536 година тврдел дека има околу 40 години. Дури како 14-годишно дете, благодарејќи на добрите семејни врски, отишол во Новиот свет. Де Сото бил второ роден син, од четирите деца на идалго Франциско Мендез де Сото и Леонора Аријас Тиноко. Де Сото знаел дека не може да смета на своето семејство што се однесува на материјална подршка , па заминал на печалба. Му помогнал неговиот роднина Педро Руиз де Сото, познат учесник во реконкистите на Севиља. Де Сото пораснал во тешки услови, во сиромаштија и немаштија, во покрајината Екстремадур, која се граничела со маварските територии, па воедно нејзините жители биле присилени од мали нозе да учат воени вештини. Имајќи го тоа во предвид, не е случајност што најпознатите конквистадори и колонизатори потекнувале токму од Екстремадур — Ернан Кортес, Франциско Пизаро и Васко Нуњез де Балбоа.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Ернандо де Сото“ на Ризницата ? |
- Де Сотова младост
- Карта де Сотове експедиције
- Извештај од реконструкција на патот на де Сотова експедиције
- Де Сотово освајување на Америка
- Католичка енциклопедија
- Ернандо де Сото, биографија
- Луис Ернандез де Биједма, кралевиот агент со де Сото
- Родриго Рангел, де Сотовиот тајник
- Португалски племић на де Сотовата експедиција