Прејди на содржината

Егри Буџак

Координати: 40°37′N 23°26′E / 40.617° СГШ; 23.433° ИГД / 40.617; 23.433
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ери Буџак)
Егри Буџак
Νέα Απολλωνία
Егри Буџак is located in Грција
Егри Буџак
Егри Буџак
Местоположба во областа
Егри Буџак во рамките на Бешик
Егри Буџак
Местоположба на Егри Буџак во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 23°26′E / 40.617° СГШ; 23.433° ИГД / 40.617; 23.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000107000000107 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.572
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 20
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Егри Буџак или Ери Буџак (грчки: Νέα Απολλωνία, Неја Аполонија) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2] Пред реформата на локалната власт во 2011 година Неа Аполонија била дел од општина Аполонија. Денеска селото е седиште на истоимената општина.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 километри западно од Ставрос и 57 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 107 метри.

Егри Буџак опфаќа површина од 71 квадратни километри[3].

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа западно од античка Аполонија. Постојат значајни наоди дека областа била населена уште од времето на неолитот и живот имало до римскиот период. За време на османлиското владеење на регионот, била основана нова населбата наречена Егри Буџак (криво сечило) со населување на Јуруци.

Во XIX век Егри Буџак било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Во времето на Грчката војна за независност од 1821 година, Емануил Папас го окупирал селото, но неговите сили биле принудени да се повлечат поради нападот од истокот на Бајрам-паша, кој имал поддршка и од локалните османлиски власти. Една од решителните битки во овој период се одиграла токму кај Егри Буџак, и истата завршила со повлекување на грчките сили од регионот.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 1.050 лица[5]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, Источна Тракија и од Дарданели додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Со царската наредба од 28 јули 1918 година, селото станало самостојна општинаЖ во Лагадинската околина. Во негов состав влегувале уште и селата Алчили и Бешички Бањи.

Во 1927 година селото било преименувано во Неа Аполонија. Бидејќи селото се наоѓа на рамнина, тоа е прилично богато. Неговите жители главно се занимаваат со производство на памук, тутун и овошје.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 210 семејства и со 866 жители.[6] додека во 1940 година селото броело 1390 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1260 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1570 жители, во 1971 година имало 1615 жители, во 1981 година имало 1523 жители, додека во 1991 година имало 1627 жители[7] а во 2001 имало 1860 жители[8]. Денеска, населението на селото е 1851 жител според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.390 1.260 1.570 1.615 1.523 1.627 1.860 1.851 1.572
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-07.