Ержен Сју

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ержен Сју
GabrielLepaulleEugeneSue.JPG
Роден/а Жозеф Мари Ержен Сју
јануари 26, 1804(1804-01-26)
Париз
Починат/а август 3, 1857(1857-08-03) (воз. 53 г.)
Сардинија
Занимање романописец
Јазик француски
Националност Французин
Период 1830–1857
Книжевно движење романтизам
Значајни дела Париски тајни
Значајни награди Легиот на честта

Ержен Сју (француски: Eugène Sue, роден на 26 јануари 1804 во Париз - починал на 3 август 1857 во Сардинија) — француски писател на дела во жанрот авантуристички, социјален и битен роман, еден од основоположниците на масовната литература.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жозеф Мари Ержен Сју е роден на 26 јануари 1804 година во Париз, Франција. Син на истакнатиот хирург од армијата на Наполеон Бонапарта, Жан-Жозеф Сју. Ержен завршил во училиштето „Кондорсе“ во Париз. По дипломирањето неговиот татко го испратил во армијата, во 1923 година во т.н. Шпанска експедиција, а потоа и во Грција и Карибите.

По смртта на неговиот татко во 1829 година тој наследил значително богатство и се населил во Париз. Се запишал во престижниот „Џокеј Клуб“ во Париз, станувајќи љубовник на најубавите дами во Паризтрошејќи го целото наследство во рок од седум години.

Започнал да пишува лесни авантуристички романи, а првиот од нив бил „Kernok le pirate“, објавен во 1830 година. Освен тоа пишувал и историски и современи романи.

Во 1842 година го објавил еден од најпознатите романи - Париски тајни. Успехот на романот бил многу голем, правејќи го познат како значајна личност. Литературното дело било екранизирано. Во 1844 година го издал својот втор роман „Еврејскиот скитник“..

Писателот е автор на 43 романи, 2 зборници, 8 политички трудови и 19 претстави.

По револуцијата од 1848 година тој бил избран во април 1850 година за член на законодавното собрание од изборен регион Сена во Париз. Кога Наполеон III направил државен удар на 2 декември 1851 година тој заминал во егзил во Сардинија, каде починал на 3 август 1857 година.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Kernok le pirate (1830)
  • El Gitano (1830)
  • Plik et Plok (1831)
  • Atar-Gull (1831)
  • La Salamandre (1832)
  • La Vigie de Koat Vën (1833)
  • Histoire de la Marine (1835)
  • Latréaumont (1837)
  • Arthur (1837-1839)
  • Mathilde (1841)
  • Paula Monti ou l'Hôtel Lambert (1842)
  • Thérèse Dunoyer (1842)
  • Les Mystères de Paris (1842-1843)
  • Le Juif errant (1844-1845)
  • Les Mystères du peuple (1849-1957)
  • La Marquise Cornélia Alfi (1852)
  • La famille Jouffroy (1854)
  • Le Diable médecin (1854-1856)
  • Les fils de famille (1856)
  • Une page de l'histoire de mes livres (1857)

Серија „Седумте смртни гревови” (Les Sept Péchés capitaux)[уреди | уреди извор]

  1. L'Envie
  2. La Colère
  3. La Luxure
  4. La Paresse
  5. L'Orgueil (1851)
  6. La Gourmandise (1952)


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]