Ердел Териер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ердел Териер
Airedale Terrier.jpg
Шапион од Австралија, Нов Зеланд
Други називи „Waterside Terrier“
„Bingley Terrier“
Прекари Ердел
Крал на териерите
Потекло Обединето Кралство
Особености
куче (Canis lupus familiaris)

Ердел Териер (често се скратува и се вика „Ердел“) е раса на териер, која потекнува од Ердел, географска област во Јоркшир, Англија. Традиционално е наречен „Крал на териерите“ бидејќи пред создавањето на Црниот Руски Териер од страна на KGB во Русија, Ерделот беше најраспространета раса од семејството на териери. Ерделот исто така едно време беше познат под името „Waterside Terrier“, бидејќи обично бил дресиран да лови видри во и покрај Реката Ер која поминува низ Ердел. Во Англија оваа раса на куче е користена и како полициско куче.