Ергофобија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ергофобија која уште се нарекува и ергасиофобија е ненормален и истраен страв, односно фобија од работа или функционирање. Луѓето кои страдаат од оваа фобија чувствуваат неумерен анксиозност во врска со работното окружување, иако разбираат дека нивниот страв е ирационален. Нивните стравови всушност можат да бидат комбинација на стравови од неуспех во задачите кои им се дадени, страв од тоа да зборуваат пред други вработени или да се дружат (социјализираат) со нив.

Причини[уреди | уреди извор]

Можно е лицето кое страда од оваа фобија да искусило траума која на некој начин автоматски и трајно ја поврзува со работата. Интровертни личности чувствуваат дека немаат потребни социјални вештини или дека ги немаат оние вештини кои се потребни за тој вид на работа, а можеби личноста доживела некоја траума во смисла на отказ. Причини за тоа можат да бидат многубројни.[1]

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптомите се разликуваат од личност до личност. Поблаги симптоми се потење или чувство на мачнина, додека потешки се парализираност од страв или напад на паника. Уште некои од симптомите се сушење на устата, забрзан пулс на срцето, засилена чувствителност, вртоглавица итн.[1]

Лекување[уреди | уреди извор]

Повеќето луѓе сами ги препознаат симптомите на ергофобија. Кога стравот од работата започне да влијае не само на ефикасноста на работата, туку и на секојдневниот живот, се препорачува помош од стручно лице. Тој воглавно помага преку разговор, но се применуваат и техниките за опуштање и визуелизација кои пациентот го учат како би си помогнал самиот на себе. На потешки случаи им се препишуваат лекови.[1]

Потекло на зборот[уреди | уреди извор]

Овој збор потекнува од грчките зборови „ergon“ (работа) и „phobos“ (страв). „Ergo“ е збор од кој настанале и други англиски зборови, како ергометар (ergometer) (уред кој ја мери количината на работата на мускулите) и ергономија (ergonomics) (применета наука за дизајнирање на канцелариска опрема и намештај со цел зголемување на функционалноста и унапредувањето на комодитетот на работникот).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ordinacija.hr: „Kada posao postane izvor straha“; D. Šorgić, 5.2.2010.
  2. http://www.medterms.com