Ерагон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ерагон (роман))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ерагон  
Ерагон (македонски).JPG
Корицата на книгата
АвторКристофер Паолини
Наслов на
оригиналот
Eragon
ПреведувачМарија Џонс
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалНаследство
Жанр(ови)Висока фантазија, младинско-возрасна
ИздавачКнопф
Издадена26 август, 2003
СтранициFlag of the United States.svg 509
Flag of North Macedonia.svg 551
СледнаПрвородениот

Ерагон (англиски: Eragon) е првата книга од циклусот „Наследство“ напишан од Кристофер Паолини. Паолини започнал да ја пишува книгата на петнаесет годиншна воздраст. Откако го напишал првиот нацрт за една година, тој ја поминал втората година повторно пишувајќи ја приказната и оцртувајќи ја приказната и карактерите. Родителите на Паолини го виделе конечниот ракопис и одлучиле самите да го објават „Ерагон“. Паолини помиал година патувајќи низ Соединетите Американски Држави промовирајќи го романот. По некоја случајност, книгата била откриена од страна на Карл Хејсен, кој успеал да го наговори Алфред А. Кнопф повторно да го објави. Второто издание на книгата беше издадено на 26 август, 2003 година.

Книгата ја раскажува приказната за младо селско момче со име Ерагон, кое наоѓа мистериозен камен во планините. Змејот што тој подоцна го нарекува Сафира се испилува од каменот, што всушност бил јајце. Кога злобниот крал Галбаторикс открива за Ерагон и неговот земј, тој ги испраќа своите слуги по нив со напрои да ги заробат. Ерагон и Сафира се присилени да одлетаат од нивниот град и одлучуваат да ги бараат Варден, група на бунтовници кои сакаат да го видат паѓањето на Галбаторикс.

Критичарите на „Ерагон“ многу често ги посочуваат сличностите меѓу „Ерагон“ и други дела какви што се „Господарот на прстените“ и „Војна на ѕвездите“. Критиките исто така ја нарекоа книгата исклучително достигнување за толку млад автор каков што е Паолини. Ерагон беше трета најпродавана детска книга со тврда корица за 2003 година, и втора најпродавана детска книга со мека корица за 2005 година. Се пласираше на листата на бестселери на „Њујорк Тајмс“ цели 121 недели. „Ерагон“ беше адаптиран во филм со истото име и беше премиерно прикажан на 15 декември, 2006 година. Фимлот беше во режија на Стефен Фангмајер, а сценарист беше Питер Бачмен. Во главна улога за ликот на Ерагон беше младиот актер Ед Спилерс.