Епитаф на Сејкилос
| Епитаф на Сејкилос | |
|---|---|
Стела на Сејкилос со поезија и музичка нотација | |
| Вид | Стела |
| Материјал | Мермер |
| Натписи | Коине грчки |
| Создаден | ок. 1st or 2nd century AD, Tralles, Asia Minor |
| Откриен | 1883 |
| Откриен од | W. M. Ramsay |
| Сегашна локација | National Museum of Denmark |
Епитафот на Сејкилос е старогрчки натпис на кој е зачувана најстарата целосна музичка композиција, заедно со музичка нотација.[1] Обично се датира помеѓу 1 и 2 век н.е. Натписот бил пронајден во 1883 година, исклесан на столб (стела) во античкиот град Тралес (денешен Ајдин во денешна Турција). Стелата содржи две поеми; елегичен дистих и песна со знаци за вокална нотација напишана над зборовите.
Врз основа на структурата и јазикот, артефактот вообичаено се смета дека бил епитаф (натпис на надгробна плоча) создаден од човек по име Сејкилос, и најверојатно посветен на жена по име Евтерпа. Според алтернативно толкување, предложено од Арманд Д'Ангур, натписот не е надгробен, туку станува збор за споменик кој самиот Сејкилос го поставил за ги одбележи своите музички и поетски вештини.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Randel 2003, стр. 361, 767.