Епи

Координати: 16°53′S 168°18′E / 16.89° ЈГШ; 168.30° ИГД / -16.89; 168.30
Од Википедија — слободната енциклопедија
Епи
Карта на Епи.
Географија
МестоТихи Океан
Координати16°53′S 168°18′E / 16.89° ЈГШ; 168.30° ИГД / -16.89; 168.30
АрхипелагВануату
Површина444 км2
Највисоко издигнување833 м
Највисока точкаПомаре
Управување
Vanuatu
ПокраинаШефа
Демографија
Население5,207 (2009)
Густина6,84 /km2 (1.772 /sq mi)


Епи (бислама: Epi) е остров во покраината Шефа во Вануату.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1986 година островот имал население од 3.035 жители, а според пописот од 2009 година островот имал население од 5.200 жители.[1][2]

На островот Епи се зборуваат: бјериски јазик, маиски јазик, бакиски јазик, бјерепски јазик и ламенски јазик. На островот функционирал Средното училиште Епи, како и болницата Ваенали.

Географија[уреди | уреди извор]

Островот е долг 43 километри, широк до 18 километри со вкупна површина од 444 км2. Вкупниот брег на островот е 130 километри. Епи е остров со вулканско потекло и највисока точка е Помаре со 833 метри надморска висина. Во непосредна близина на Епи се островите Намука и Ламен.[3]

Во северозападниот дел на островот се наоѓа Ламенскиот Залив, каде има песочни плажи. Во заливот има и корален гребен. ’Ртот Форланд се наоѓа на западниот брег на Епи. Во североисточниот дел на островот се наоѓа Драмондскиот Залив каде се наоѓа и Заштитената морска област Никаура. Оваа област била основана во 2000 година. На островот има три мали езера со свежа вода.

Историја[уреди | уреди извор]

Епи претрпел иселување во 19 век, до степен што ова иселување било најголемо од сите острови во Вануату. Има податоци дека во минатото островот бил многу повеќе јазично разновиден, за разлика од денес. Луѓето од внатрешноста на островот биле преселени на брегот.[4]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

На Епи има два аеродрома, односно писти: Аеродром Ламенски Залив и Аеродром Валесдир.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2009 Census Summary release final Архивирано на 21 декември 2013 г. - Government of Vanuatu
  2. „Vanuatu“. Haos Blong Volkeno. Архивирано од изворникот на 8 August 2018. Посетено на 8 August 2018.
  3. „Shefa Province“. Vanuatu Travel. Посетено на 12 August 2018.
  4. Lynch, John (2001). Languages of Vanuatu: A new survey and bibliography. Canberra: Pacific Linguistics. стр. 100. ISBN 0 85883 469 3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]