Епаминонда Поп Андонов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Епаминонда поп Андонов)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Епаминонда Попандонов (или Попандов) (Струмица, 1898 - Софија,[1] 1968) бил учесник во НОВ и прв повереник за просвета во Президиумот на АСНОМ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Завршил основно и средно училиште во родниот град и во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград во 1922 година. Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во повеќе места (Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање, Скопје).

Во текот на НОВ Попандонов е член на АНОК, кој во 1943 година го пишува Приговорот кон Манифестот на Главниот штаб.[2] Во пролетта 1944 година станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и учествува на Првото заседание на АСНОМ. На него е избран во Президиумот на АСНОМ, во кој ја извршува функцијата повереник за просвета.[3] Во септември 1944 година станува член на КПМ.

На Второто заседание на АСНОМ, во декември 1944 година, Попандонов е избран за еден од двајцата секретари на Президиумот на АСНОМ.[4]

При трансформацијата на Президиумот на АСНОМ во Президиум на Народното собрание на Македонија што се случи на Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945, Попандонов не е избран за член и пополека е маргинализиран од раководството.

До крајот на животот работи во просветни институции. Во периодот 1948-1951 е директор на Народната библиотека во Скопје,[5] а од 1952-1966 предава на Педагошкиот факултет во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1180 стр.
  2. Приговорот на АНОК на Викиизвор
  3. Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 5 и 48 стр.
  4. Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 50 стр.
  5. НУБ „Св. Климент Охридски“, Историја

Надворешни врски[уреди | уреди извор]