Ен Бронте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ен (Ана) Бронте
Anne Brontë
Anne Brontë by Patrick Branwell Brontë restored.jpg
Роден/а17 јануари 1820(1820-01-17)
Торнтон, Јоркшир, Англија
Починат/а28 мај 1849(1849-05-28) (воз. 29 г.)
Скарборо, Jоркшир, Англија
Почивалиштегробиштата на Св.Марија
ПсевдонимАктон Бел
Занимањегувернанта, романсиер, поет
НационалностАнгличанка
Период1836[1] до 1849
ЖанрПроза, Поезија
Книжевно движењеРеализам
Значајни делаСтанарката на замокот Вајлдфел
РодниниШарлот Бронте, Емили Бронте

Потпис

Ен (Ана) Бронте (англиски изговор: /ˈbrɒnti/)[2][3] (Anne Brontë) (17 јануари 182028 мај 1849), е англиски романсиер и поетеса, наjмлада од трите сестри Бронте. Најдобро позната по роман Станарката на замокот Вајлдфел (1848).

Биографија[уреди | уреди извор]

Портрет од 1833 година, насликан од Бранвел Бронте. Изворите не се согласуваат дали е ова Емили или Ен.[4]
Гробот на Ен Бронте

Ен Бронте била родена во селото Торнтон во Јоркшир, Англија, како најмлада од шест деца.[5] Нејзината мајка, Марија Бранвел Бронте, умрела од рак во 1821 година,[6] откако семејството се рпеселило во Хаворт, каде татко ѝ добил работно место свештеник. Додека била дете, нејзините две сестри, Марија и Елизабета, умреле од туберкулоза, што влијаело врз нејзиното пишување подоцна во животот. Двете нејзини сестри, Шарлота и Емили, исто така биле писателки. Заедно со сестрите во 1846 година издала збирка поезија под машки псевдоними. Псевдонимот на Ен бил "Acton Bell". Напишала два романа: Агнес Греј (1847) и Станарката на замокот Вајлдфел (1848)

Ен се образувала дома, најмногу музика и цртање. Нивната тетка ги подучувала сестрите како се води домаќинство, но нив повеќе ги интересирала литературата.[7] Библиотеката на татко им била извор на знаење за нив. На петнаесет годишна возраст, Ен првпат заминала од дома на школување, и била решена да учи.[8][9] Останала во училиштето две години, и добила медал за добро однесување во декември 1836 година, а дома се враќала само за празници и летен распуст.

Во 1839 година, една година откако го напуштила школото, на возраст од 19 години, Ен барала работа како учителка. Како ќерка на сиромашен свештеник, морала да заработува за живот. Во април 1839 година, Ен почнала да работи како гувернанта, близу Мирфелд.[10] Децата биле разгалени, и Ен не успеала да ги образува, па семејството било незадоволно од нејзината работа. Ен потоа влегла повторно како гувернанта во друго семејство, каде работела до 1845 година.[11]

Во јули 1848 година со сестрата Шарлот, Ен заминала за Лондон, за да договорат издавање на книга со издавачот Џорџ Смит.

Брзо по смртта на нејзиниот брат Бранвел и сестрата Емили во зимата 1848 година, Ен Бронте починала по долга болест и неуспешно лечење на туберкулоза. Закопана е на црковните гробишта „Сент Мери“.

Романи[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Alexander, Christine & Smith, Margaret, The Oxford Companion to the Brontës, Oxford University Press, 2006, ISBN 0-19-861432-2
  • Barker, Juliet, The Brontës, St. Martin's Pr., ISBN 0-312-14555-1
  • Chitham, Edward, A Life of Anne Brontë, Oxford: Blackwell Publishers, 1991, ISBN 0-631-18944-0
  • Fraser, Rebeca, The Brontës: Charlotte Brontë and her family, Crown Publishers,1988, ISBN 0-517-56438-6
  • Gérin, Winifred, Anne Brontë, Allen Lane, 1976, ISBN 0-713-90977-3
  • Chadwick, Ellis, In the Footsteps of the Brontës
  • Miller, Lucasta, The Brontë Myth
  • Chitham, Edward, A Brontë Family Chronology
  • Allott, Miriam, The Brontës: The Critical Heritage, 1984
  • Eagleton, Terry, Myths of Power, 1975
  • Langland, Elizabeth, Anne Brontë: The Other One, 1989
  • Scott, P. J. M., Anne Brontë: A New Critical Assessment, 1983
  • Wise, T. J. and Symington, J. A. (eds.), The Brontës: Their Lives, Friendships and Correspondences, 1932

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The poems of Anne Brontë
  2. American Heritage and Collins dictionaries
  3. Columbia Encyclopedia
  4. „The Bronte Sisters - A True Likeness? - The Profile Portrait - Emily or Anne“. www.brontesisters.co.uk. 
  5. Barker, The Brontës, p. 86
  6. Fraser, The Brontës, p. 28
  7. Fraser, The Brontës, p. 45
  8. Barker, The Brontës, pp. 237–238
  9. Fraser, The Brontës, p. 84
  10. Barker, The Brontës, p. 307
  11. „The Brontë Trail“ (PDF). oroughbridgewalks.org.uk. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 May 2013. конс. 9 October 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: