Енѓепинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Енѓепинг (шведски: Enköping) е град во Шведска, во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамки на Упсалскиот округ, каде е втор град по големина и значење. Енѓепинг истовремено е и седиште на истоимената општина.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Енѓепинг се наоѓа во источниот дел на Шведска и на Скандинавскиот полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 80 километри северозападно.

Релјеф : Енѓепинг се развил во областа Упланд. Подрачјето на градот е рамничарско до ридско, а надморската височина се движи од 10-30 м.

Климата во Енѓепинг е континентална под влијание на морето и крајните ограноци на Голфската струја. Затоа, зимите се поблаги, а летата се посвежи во однос на дадена географска широчина.

Води: Енѓепинг се развил во внатрешноста. Градот се развил на реката Енѓепингсон, која непосредно јужно од градот се влева во езерото Меларен, трето по големина во Шведска.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Енѓепинг било населено уште од времето на праисторијата. Од 13 век тоа е регионален пазар без поголемо значење.

Енѓепинг доживеал преродба во средината на 19 век со поминување на железницата и доаѓањето на индустријата. Населбата добила градски права во 1883 година. година. Оваа благосостојба трае и до ден-денес.

Жители[уреди | уреди извор]

Енѓепинг денес е град со средна големина за шведски услови. Градот има околу 21.000 жители (податок од 2010 г.), а градското подрачје т.е. истоимената општина има околу 40.000 жители (податок од 2010 г.). Последните децении бројот на жиели во градот расте.

До средината на 20. век Енѓепинг бил населен исклучиво со етнички Швеѓани. Меѓутоа, со населувањето во Шведска, населението во градот станало поразновидно, но повторно помало отколку што е случај со другите поголеми градови во државата.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Денес, Енѓепинг е современ индустриски град со посебно развиена индустрија. Во последните две децении особено се развиваат трговијата, услугите и туризмот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]