Енхалон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Енхалон е староантички град и претходник на денешна Струга. Според некои археолошки наоди, се смета дека градот е основан од припадниците на Македонското племе Десарети.

Местоположба и наоди[уреди | уреди извор]

Енхалон се наоѓал во непосредна близина на некогашната рекичка Климетица во денешна Струга. Меѓу поважните археолошки наоди спаѓаат: една надгробна плоча со релјеф (од 4 век) и една стаклена ваза во боја (се претпоставува дека е донесена од Египет); потоа римски патен камен со кој се одбележувала должината на патот, и неколку стари гробови со украсни предмети и керамика, откриени при црквата Св. Ѓорѓија.

Историја на градот[уреди | уреди извор]

Стариот историчар Полибие дава податоци за борбите меѓу долно-Македонците и Македонското племе Десарати во Охридско и тврди дека кралот Филип II Македонски го зазел Енхалон во 334 година, пред нашата ера.

Во 148 година пред нашата ера градот потпаднал под власта на Римјаните, за кои се смета дека во близина го изградиле прочуениот Кандавски пат подоцна наречен, Виа Егнациа за да го поврзат Рим, преку Драч и Солун со новоосвоените територии во Мала Азија. Римската власт прекратила во 4 век од нашата ера. Тогаш Охридската област била приклучена кон Епир. Речиси во исто време, почнува и ширењето на христијанството во Струшко. Се претпоставува дека прв христијански мисионер во овие краишта бил антиохискиот епископ Еразмо. Тогаш тука биле изграден повеќе цркви.

Економија[уреди | уреди извор]

Во тоа време градот Енхалон извезувал во другите области на Римското Царство земјоделски и сточарски производи, а внесувал предмети за практична употреба од злато, сребро, од метал воопшто и од стакло.

Поврзано[уреди | уреди извор]