Ентеробактерии
Ентеробактерии | |
---|---|
![]() | |
Citrobacter freundii, член на фамилијата Enterobacteriaceae | |
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Proteobacteria |
Класа: | Gammaproteobacteria |
Ред: | Enterobacteriales |
Семејство: | Enterobacteriaceae |
Ентеробактериите ја сочинуваат фамилијата Enterobacteriaceae, која е една од најважните фамилии на бактерии, како во поглед на количество (повеќе од 30 родови и преку 100 видови), така и во квалитативен поглед. Тука се среќаваат многу родови, од кои повеќето се убиквитарни и често предизвикуваат инфекции кај човекот и животните. Други наоѓаат широка примена (ферментација на сирење и останати млечни производи, алкохол, производство на токсини во козметиката, медицински третман, добивање на антивирални агенси во фармацевтската индустрија итн.).
Ентеробактериите се грамнегативни бактерии кои по својата морфологија може да се коки или стапчиња. Членовите на оваа група се дел од цревната (од грчки: enteron - црево) микробиота (познати како колиформи), како и од кожната микробиота на човекот и животните. Некои видови може да живеат во почвата, водните растенија и животните. Релативно лесно се отстрануваат со најчестите дезинфектанти каков што е хлорот.
![]() |
Оваа статија за од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |