Прејди на содржината

Енрико Дандоло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Енрико Дандоло (лево) прикажан во венецијанско гросо, валутата воведена за време на неговата администрација, заедно со Марко Евангелистот, светец заштитник на републиката.

Енрико Дандоло (ок.1107 – мај/јуни 1205) бил дужд на Венеција од 1192 до неговата смрт во 1205. Тој е запаметен по неговата побожност, долговечност и остроумност, како и по неговата улога во Четвртиот крстоносен поход и опсадата на Цариград. Дандоло починал во 1205 во Цариград и бил погребан во црквата Света Софија.