Ени Чифлик (Драмско)

Координати: 41°7′N 24°7′E / 41.117° СГШ; 24.117° ИГД / 41.117; 24.117
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ени Чифлик
Νέα Σεβάστεια
Ени Чифлик is located in Грција
Ени Чифлик
Ени Чифлик
Местоположба во областа
Ени Чифлик во рамките на Драма (општина)
Ени Чифлик
Местоположба на Ени Чифлик во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°7′N 24°7′E / 41.117° СГШ; 24.117° ИГД / 41.117; 24.117
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000004100000041 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно518
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ени Чифлик (грчки: Νέα Σεβάστεια, Неа Севастија[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 39 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 41 метар.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 Турци и 150 жители Македонци[3][4].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, селото не е евидентирано.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Неа Севастија[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 64 грчки бегалски семејства со вкупно 230 луѓе.[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 309 лица, додека во 1940 година селото броело 520 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 615 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 645 жител, во 1971 година имало 429 жители, во 1981 година имало 490 жители, додека во 1991 година имало 469 жители[7]. Денеска, населението на селото е 518 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 520 615 645 429 490 469 480 518
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Νέα Σεβάστεια
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25.