Еневетак или Ениветок (маршалски: Ānewetak или Āne-wātak[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 40 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и сочинува една од општините во државата. Атолот има површина од 5.85 км2 и во средината има длабока лагуна. Атолот се наоѓа 305 км западно од Бикини. Според податоците од 1998 година на атолот живееле 853 жители. Американците на атолот извршувале јадрени тестирања во 1950-те.
Атолот бил населен најмалку 2,000 години.[2]Германија во 1884 тврдела дела Еневатак е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.