Ендру Фен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ендру Фен
Фен на Тур де л’Ен 2013
Лични податоци
Цело имеЕндру Фен
ПрекарЕнди
Роден1 јули 1990(1990-07-01)(33 г.)
Бирмингем, Англија,  Обединето Кралство
Висина1,86 м
Маса79 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедист
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови

2007
2008
Велвин Вилерс
Ливерпул Меркури
Долан Р.Т./Долан Бајкс
Професионални клубови
2011
2012–2014
2015-2016
2017-2018
Ан Пост-Шон Кели
Омега Парма-Квик Степ
Тим Скај
Аква Блу Спорт

Ендру Фен (англиски: Andrew Fenn; р. 1 јули 1990[1]) — поранешен британски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2011-2018 за четири различни екипи.

Кариера[уреди | уреди извор]

Јуниорска и аматерска[уреди | уреди извор]

Фен се натпреварувал во повеќе спортови како дете, но се насочил кон велосипедизмот на 12-годишна возраст, кога се приклучил на Велвин-Вилерс.[2] Неговиот талент бил забележан од британската федерација и тој станал член на нивната олимписка развојна програма во ноември 2006 година. Во 2008 го освоил јуниорскиот Париз-Рубе, пред да се приклучи на олимписката академска програма во периодот 2009-2010.[1]

На Комонвелтските игри 2010, Фен - кој се квалификувал за Шкотска, бидејќи неговата мајка е Шкотланѓанка[3] – завршил 14 на хронометарот за мажи.

Професионална[уреди | уреди извор]

Неговата прва година како професионалец била во 2011, кога освоил две победи и бронзен медал на Светското друмско првенство во категоријата под 23 години.[4]

Во септември 2014 година било објавено дека Фен потпишал за Тим Скај, со кој ќе вози за сезоната 2015.[5]

Фен се повлекол од велосипедизмот по распаѓањето на екипата Аква Блу Спорт на крајот на сезоната 2018.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Париз-Рубе за јуниори
2. Европско јуниорско велодромско првенство - екипна потера
2. Национално велодромско првенство - медисон (со Џонатан Белис)
Национални јуниорски велодромски првенства
2. Поединечна потера
3. Кило
2. Национално јуниорско друмско првенство
2009
2. Европско велодромско првенство под 23 години - екипна потера
2. Светски велодромски куп Мелбурн - екипна потера
3. Национално велодромско првенство - медисон (со Алекс Даусет)
2010
1. Национално друмско првенство под 23 години
4. Краен пласман Тур де Берлин
2011
1. Меморијал Ван Конгисло
1. Етапа 7 Тур де Бретања
2Национално друмско првенство под 23 години
3. Светско друмско првенство под 23 години
3. Светски велодромски куп Пекинг - екипна потера
4. Зелик-Галмарден
5. Париз-Рубе за млади
2012
1. Трофео Палма
1. Трофео Мигјорн
1. Етапа 2 (ТТТ) Тур де л’Ен
4. Гран при Импанис-Ван Петегем
6. Омлоп ван хет Хутланд
6. Минстерланд Џиро
10. ГП Раф Јонкхере
2013
1. Гулегем Курсе
5. ГП Брик Схоте
6. Краен пласман Тур де Пикарди
2014
1. ГП Брик Схоте
5. Нокере Курсе
6. Бриселски велосипедски класик
9. Краен пласман Трка околу Катар
2015
7. Лондон Ноктурн
2016
3. Национално друмско првенство
7. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
2018
5. Нокере Курсе

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Profile“. British Cycling.
  2. „Минита со: Ендру Фен“. Cycling Weekly. 23 мај 2008. Посетено на 18 декември 2008.[мртва врска]
  3. „Енди Фен Интервју: Голема можност за Омега Парма-Квик Степ“. Velonation.com. 13 септември 2011. Посетено на 9 октомври 2012.
  4. Ендру Фен. „Ендру Фен - Екипа: Омега Парма-Квик Степ“. Omegapharma-quickstep.com. Архивирано од изворникот на 2012-11-08. Посетено на 9 октомври 2012.
  5. [1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]