Прејди на содржината

Ендру Тејт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ендру Тејт
Тејт во 2021 година
Роден(а)Емори Ендру Тејт III
1 декември 1986(1986-12-01)(38 г.)
Вашингтон,  САД
Државјанство
  • американско
  • британско
Занимањеинтернет-знаменитост
Страница
cobratate.com

Емори Ендру Тејт Трети (англиски: Emory Andrew Tate III) — британско-американски поранешен кикбоксер и интернет-знаменитост. По неговата боксерска кариера, Тејт почнал да организира платени курсеви и членства, а неговиот подем до славата бил кога се свртел кон влијателниот маркетинг. Неговите изјави за теми како сексуалното насилство биле критикувани како спорни и женомразни, што довело до прекин на неговите сметки на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Тикток.[1][2]

Ран и личен живот

[уреди | уреди извор]

Тејт е роден на 1 декември 1986 година во Вашингтон, а пораснал во Лутон, Англија.[3][4] Неговиот афроамерикански татко, Емори Тејт, бил шаховски мајстор на ФИДЕ.[5] Неговата мајка работела како угостителска помошничка.[4] Тејт научил да игра шах на петгодишна возраст и учествувал на турнири за возрасни како дете.[5] Во октомври 2022 година, медиумите објавиле дека тој преминал во ислам.[6] По гласините дека видеото од него како се моли во ОАЕ станало општопознато, Тејт го потврдил неговото преобраќање во ислам на мрежното место Гетр (англ. Gettr) на 24 октомври.[7]

Спорност

[уреди | уреди извор]

Во 2016 година, Тејт го привлекол вниманието на јавноста откако бил отстранет од седумнаесеттата сезона на Големиот брат по објавувањето на видеото во кое Тејт се чини дека тепа жена со појас. После тоа, тој бил отстранет од емисијата. Тејт рекол дека дејствијата биле заемни и споделил видео на Фејсбук од жена, тврдејќи дека е жената на видеото, и велејќи дека сето тоа било „игра“.[8][9] Тој исто така привлекол внимание поради неговите твитови во кои ги истакнува неговите ставови за она што се определува како сексуално вознемирување во случаите на сексуален напад на Харви Вајнштајн, и за неколку објави на Твитер за неговиот став дека жртвите на сексуален напад ја делат одговорноста за нивните напади.[8] Во 2017 година, Тејт рекол дека депресијата не е вистинска болест, што нашло на значителни одгласи.[8][10]

Во сега избришаното видео објавено на неговиот канал на Јутуб, Тејт рекол дека одлучил да се пресели во Романија бидејќи е полесно да се ослободи од обвиненијата за силување во Источна Европа.[11] Во април 2022 година, Дејли бист објавил дека романската полиција извршила рација во домот на Тејт во врска со истрага за трговија со луѓе и силување, поттикнати од извештаите дека Американка била држена на имотот против нејзина волја.[12] Романските власти на имотот нашле и Романка и Американка. Од април 2022 година, романските власти соопштиле дека истрагата сè уште е во тек. Портпаролот на Американскиот државен оддел се осврнал на извештајот за грабнувањето, но одбил да толкува повеќе, наведувајќи ги причините за приватност.[13]

  1. „About Andrew Tate“. Cobra Tate. Архивирано од изворникот August 3, 2022. Посетено на July 31, 2022.
  2. Holpuch, Amanda (August 24, 2022). „Why Social Media Sites Are Removing Andrew Tate's Accounts“. The New York Times. Архивирано од изворникот August 24, 2022. Посетено на August 24, 2022.
  3. „Andrew "King Cobra" Tate“. Sherdog. Архивирано од изворникот July 30, 2022. Посетено на July 11, 2022.
  4. 4,0 4,1 Das, Shanti (August 6, 2022). „Inside the violent, misogynistic world of TikTok's new star, Andrew Tate“. The Guardian (англиски). Архивирано од изворникот August 11, 2022. Посетено на August 8, 2022.
  5. 5,0 5,1 Bornstein, Lisa (August 30, 1993). „Chess family strives to keep pressures of game in check“. South Bend Tribune. стр. 9. Архивирано од изворникот August 22, 2022. Посетено на August 22, 2022.
  6. „Andrew Tate: 'Misogynist' influencer 'converts to Islam', seen 'praying in UAE mosque'. The New Arab. October 24, 2022.
  7. Ghazali, Rahmah (October 25, 2022). 'Misogynist' Andrew Tate says he's converted to Islam as UAE mosque video goes viral“. The Scotsman. Посетено на October 25, 2022.
  8. 8,0 8,1 8,2 Smith, Adam (January 25, 2022). „Twitter ignored its own rules to verify kickboxer who said women should 'bear some responsibility' for being raped“. The Independent. Архивирано од изворникот May 7, 2022. Посетено на April 30, 2022.
  9. Agius, Nicola (June 17, 2016). „Andrew Tate's ex sets record straight on sex tape that cost him Big Brother“. Daily Mirror (англиски). Архивирано од изворникот August 3, 2022. Посетено на July 28, 2022.
  10. Harvey-Jenner, Catriona (September 12, 2017). „Man on Twitter who claimed depression 'isn't real' got absolutely schooled“. Cosmopolitan. Архивирано од изворникот August 4, 2022. Посетено на July 26, 2022.
  11. Botfield, Lucia (July 7, 2022). „A timeline of every single messed up thing Andrew Tate has done to date“. The Tab. Архивирано од изворникот July 26, 2022. Посетено на August 2, 2022.
  12. Das, Shanti (August 6, 2022). „Inside the violent, misogynistic world of TikTok's new star, Andrew Tate“. The Guardian (англиски). Архивирано од изворникот August 11, 2022. Посетено на August 8, 2022.
  13. Sommer, Will (April 22, 2022). „Police Raid MAGA 'King of Toxic Masculinity' in Human-Trafficking Investigation“. The Daily Beast (англиски). Архивирано од изворникот на August 10, 2022. Посетено на April 23, 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]