Енгелсбершка железарница
| светско наследство на УНЕСКО | |
|---|---|
| Место | Енгелсберг, Фагерста, Шведска |
| Критериум | културно: (iv) |
| Навод | 556rev |
| Запис | 1993 (XVII заседание) |
| Површина | 9.596 ha (23.71 acres) |
| Координати | 59°58′00″N 16°00′30″E / 59.96667°N 16.00833°E |
Енгелсбершката железарница (шведски: Engelsbergs bruk) ― железарница во Енгелсберг, село во општината Фагерста во Вестманланд, Шведска. Изградена била во 1681 година од Пер Ларсон Гиленхок (1645-1706) и била развиена во една од најсовремените железничарници во светот во периодот до 1700-1800 година. Таа е наведена како светско наследство на УНЕСКО од 1993 година.
Име
[уреди | уреди извор]Железарницата Енгелсберг го носи името според селото Енгелсберг кое па го носи името по Енглика. Енглика, роден во Германија, започнал да произведува железо во Енгелсберг во 14 век.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Историјата на производство на железо во регионот датира од најмалку 13 век. Месните селани ја ископувале рудата и го произведувале железото користејќи примитивни печки.[2]
На крајот на 16 век, во Енгелсберг биле воведени посовремени методи на производство и обемот на производство значително се зголемил во следните децении.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Зачуваните згради вклучуваат главна куќа, испекторската куќа и куќа за топење со висока печка.[2]
Светско наследство на УНЕСКО
[уреди | уреди извор]Енгелсбершката железарница е светско наследство наУНЕСКО. Додадено е на списокот во 1993 година.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главната куќата со нејзините крила
- Куќата од страната на градината
- Западното крило
- Двете кули од згура од камен
- Топилницата
- Старата канцеларија
- Архивите на Axel Johnson Group
- Новата канцеларија
- Печките
- Браната и високата печка
- Старата штала
- Пат кај Енгелсбершката железарница
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Världsarvet Engelsbergs bruk“. Посетено на 12 август 2021.
- 1 2 3 „Engelsberg Ironworks“. Посетено на 12 август 2021.
- ↑ „Sweden“. Посетено на 12 август 2021.