Оддавна маглина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Емисиона маглина)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Планетарната маглина Прстен — пример за оддавна маглина
Оддавна маглина Мајмунска Глава.[1]

Оддавна маглина (емисиона маглина) — облак од јонизиран гас кој оддава (емитира) светлина во разни бои. Најзастапен извор на јонизација се високоенергетските фотони што ги испушта блиската врела ѕвезда. Меѓу неколкуте вида оддавби маглини се подрачјата H II (каде се образуваат ѕвездите и каде младите масивни ѕвезди се извор јонизирачките протони и планетарни маглини, каде ѕвездата во умирање се има ослободено од надворешните слоеви, кои потоа ги јонизира изложеното врело јадро.

Општо[уреди | уреди извор]

Обично мадата ѕвезда јонизира дел од истиот облак што ја создал, иако само масивни врели ѕвезди можат да оддадат доволно енергија за да јонизираат значаен дел од облакот. Кај доста оддавни маглини, ова го врши целото јато од млади ѕвезди.

Бојата на маглината зависи од хемискиот состав и степенот на јонизираност. Поради големата застапеност на водородот во меѓуѕвездениот гас, и неговата релативно мала јонизирачка енергија, многу оддавни маглини имаат врцен изглед заради силните оддавања на Балмеровата серија. Ако има повеќе енергија на располагање, тогаш се јонизираат и други елементи, па така може да се добијат зелени и сини маглини. Набљудувајќи ги спектрите на маглините, астрономите го изведуваат нивниот хемиски состав. Највеќето смисиони маглини се состојат од 90% водород, а остатокот е хелиум, кислород, азот и други елементи.


Најважни оддавни маглини видливи од северната небесна полутопка се Северна Америка (NGC 7000) и Превез NGC 6960/6992 во соѕвездието Лебед, додека пак на јужната небесна полтопка тоа се маглините Лагуна M8 / NGC 6523 во Стрелец и Орион M42.[2] Понатаму во јужната полутопка се наоѓа и светлата маглина Кобилица NGC 3372.

Оддавните маглини обично содржат и темни подрачја кои се должат на облаците од прашина кои ѝ попречуваат на светлината.

Многу маглини се составени и од отсјајни и од оддавни делови. Таква е Триделната Маглина.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hubble revisits the Monkey Head Nebula for 24th birthday snap“ (посет. 10 април 2014 г).
  2. McArthur, Frommert, and Kronberg (12 April 2006). „Messier 42“. Messier Object 42. конс. 17 July 2007.